Кои знаци укажуваат дека детето што ја удрило главата има сериозни повреди, според поранешна докторка?

Кога се мали, децата често не внимаваат, па често може да им се случи да паднат и да ја удрат главата. Како родители нормално е да сме уплашени, а поранешна лекарка во Брза помош споделува знаци што треба да ви укажат дека треба да побарате лекарски совет без одложување.

koi-znaci-ukazhuvaat-deka-deteto-shto-ja-udrilo-glavata-ima-seriozni-povredi-spored-poraneshna-doktorka-01.jpg

Ники Џеркатс е поранешна лекарка во Брза помош во Австралија, а денес е извршен директор на Hero Headquarters, организација која обезбедува тренинг за прва помош во училишна средина и на работното место.

koi-znaci-ukazhuvaat-deka-deteto-shto-ja-udrilo-glavata-ima-seriozni-povredi-spored-poraneshna-doktorka-02.jpg

Таа е доста активна и на Инстаграм, каде што редовно споделува совети за безбедноста на децата и бебињата, а неодамна сподели кратко видео во кое покажа на што треба да внимавате ако вашето дете ја удрило главата неодамна и кои се знаците дека освен видливата џумка, може да се соочувате со посериозна повреда.

koi-znaci-ukazhuvaat-deka-deteto-shto-ja-udrilo-glavata-ima-seriozni-povredi-spored-poraneshna-doktorka-04.jpg

Таа објави две видеа на кои се гледаат две видно вознемирени дечиња и до нив напиша:

„Ако детето станува сѐ повознемирено, нервозно или се расправа после удар на главата, тоа може да биде знак дека неговата повреда на главата била посериозна и добро е веднаш да го однесете на преглед на лекар“.

koi-znaci-ukazhuvaat-deka-deteto-shto-ja-udrilo-glavata-ima-seriozni-povredi-spored-poraneshna-doktorka-05.jpg

Според неа,  освен на повредата на главата, исто така треба да се обрне внимание и на следните знаци, кои се сигурен знак дека повредата е посериозна:

  • Дефокусираност;
  • Импулсивност, немање толеранција за болка и фрустрираност;
  • Некооперативност и спротивставување при укажување помош;
  • Агресија;
  • Експлозивни и непредвидливи напливи на гнев;
  • Нишање во место или триење од земја;
  • Немирност, постојано и необично брзо движење;
  • Повторливо однесување;
  • Брзо, гласно зборување;
  • Брзи промени во расположение;
  • Претерано плачење или смеење;
  • Повраќање (еднаш или повеќепати);
  • Губење свест.

Погледнете го видеото:

Имајте предвид дека повредите на главата може да бидат сериозни и ако сте сигурни дека вашето дете претрпело силен удар, не чекајте премногу пред да побарате лекарска помош.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg