Бидете строги, но полни со љубов: Совети за воспитување на децата од Шакира

Откако славната пејачка стана мајка на две деца, Милан и Саша, целиот нејзин свет се врти околу нив. Не пропушта прилика да каже дека мајчинството ѝ е на прво место, пред кариерата.

bidete-strogi-no-polni-so-ljubov-shakira-spodeli-soveti-za-vospituvanje-na-decata-01.jpg

Шакира открива како балансира помеѓу овие две работи, како се снаоѓа со улогата на родител и што е најважно при воспитување на децата:

„Најголемата тајна за да одржам баланс е вежбањето. Секој ден вежбам еден час. Тоа ми помага за да останам физички и ментално здрава и да имам повеќе енергија кога сум со децата“.

„Жерар ми е најголема подрршка. Тој е приземен и практично ги решава сите проблеми околу децата. Ги делиме обврските за да не се чувствува дека товарот е само на еден од нас. Јас сум таа што воспоставува дисциплина со децата, а Жерар е помек“.

„Да си мајка е незаменливо чувство. Целиот свет ми се промени од корен. Ме натера да ги преиспитам приоритетите и да оставам простор само за најважните работи во животот, наместо да се нервирам за ситници“.

„Не е лесно да се биде мајка. Постојано читам, учам и се информирам за сé што е поврзано со родители и деца. Ги имам симнато сите можни апликации на оваа тема. Но, не треба да се претерува со предвидувања какво ќе биде детето. Работите треба да течат спонтано“.

„Нема лесен начин да бидеш родител. И јас правам грешки и има многу работи што треба да ги правам подобро во иднина“.

bidete-strogi-no-polni-so-ljubov-shakira-spodeli-soveti-za-vospituvanje-na-decata-02.jpg

„Потребна сум му на моето семејство дома. Но, наместо да мислам дека треба да бирам помеѓу себе и нив, тоа ми помага подобро да ги организирам работите. Семејниот живот ми донесе структура и дисциплина во секојдневието“.

„Мајчинството е една од најтешките работи што ми се случиле. Сум била на сцена пред милиони луѓе и сум се сретнувала со светски лидери, но ништо не се споредува со мајчинството. Постојано се преиспитувам, размислувам дали правилно постапувам и сакам да се подобрам во оваа најтешка професија на светот“.

„Основата на секој развој е љубов. Огромни количини љубов кои се неопходни за секое дете. Од мали треба да бидат опкружени со љубов и да се чувствуваат сигурни и заштитени за да можат да израснат во одговорни и љубезни личности“.

„Ние сме првите учители на нашите деца. Важно е тие да научат што е добро, а што не, заедно преку игра или некоја активност да го осознаат светот и да добијат позитивна слика за она што се случува надвор“.

bidete-strogi-no-polni-so-ljubov-shakira-spodeli-soveti-za-vospituvanje-na-decata-03.png

„Постојано правам снимки и фотографии со Жерар и со децата. Ги документирам сите моменти – мали и големи. Убаво е кога децата ќе почнат да се препознаваат на фотографиите и тие спомени ќе им останат засекогаш“.

„Јас сум од Колумбија, но кога станува збор за дисциплината, се однесувам како Германка. Децата ги легнувам во строго определен термин секоја вечер. Од мали ги учам на дисциплина и структура и знам дека тоа ќе им помогне во иднина“.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg