„На децата им дозволуваме да прават ризични работи, не ги сопираме“
Кога нивната ќерка Емилија се родила тие често знаеле да креираат интересни фотки заради кои станале познати на социјалните мрежи.
Две години подоцна сè уште се познати, но овојпат на децата им дозволуваат да бидат слободни и да прават што ќе посакаат.
Нивните фотографии зборуваат токму за таа слобода.
„Нашиот син Лени обожава да скока насекаде, а неговата сестра не е ништо поразлична. Ние тоа не им го забрануваме. Сите деца сакаат да испробуваат нешто ризично по дома. Ние им објаснуваме дека немаат крилја и не можат да летаат од мебелот, но секако, тоа веднаш се заборава.“ - вели мајката.
Еден ден сфатила дека многу често им викала: „Не! Немој! Ќе паднеш! Опасно е!“.
Тогаш решила дека е време да им дозволи на своите деца, колку и да не и дава срцето, да бидат слободни и да пробуваат различни авантури низ дома.
Н. Г. | Црнобело