3 работи кои се случуваат кога останувате во брак „заради децата“
Светот е полн со родители и брачни партнери кои сметаат дека љубовта избледува и потоа бракот се базира само на децата.
Кога некој ќе ги праша зошто се заедно, тие без размислување и гордо одговараат „заради децата!“
Ако пак имаат посериозни проблеми како кавги и било каков вид на насилство, повторно го даваат истото оправдување.
Зошто децата не треба да се причината заради која останувате во несреќна врска или брак?
1. Децата ќе го пресликаат вашиот однос
Ненамерно ќе создадете идентичен однос помеѓу вашите деца и другите луѓе во нивниот живот – негативен. Сакале вие или не, децата гледаат и сметаат дека и тие треба исто да се однесуваат. Па, наместо да очекуваат почит и трпение, ќе очекуваат само негативност и повредувања.
2. Последиците ќе избијат на површина, порано или подоцна
Децата секогаш бараат виновник во сите конфликти и несреќни моменти. Тоа може да биде едниот родител, што е најлошо можно сценарио, заради кое семејството полека се оддалечува и распаѓа. За да ја потиснат таа тага може да одберат погрешни патишта или доверување на погрешни луѓе. Или пак, ако сметаат дека тие се виновниците, подоцна да развијат ниска самодоверба, чувство на вина, анксиозност, неконтролиран бес, па дури и депресија. Траумата од несреќно семејство е многу поболно од краткотрајното преболување на разводот.
3. Децата постојано ќе растат во тензија и конфликти
Децата никогаш нема да бидат имуни на тензијата која владее во домот. Здравиот конфликт е сосема друга работа. А, карањето зошто појадокот е сервиран на одреден начин, а не некако поинаку, сигурно не е здрав конфликт.
Разводот и не е така страшен збор. Всушност, може да биде попозитивен за децата. Завршувањето на бракот кој не функционира значи да си дадете шанса сами на себе да бидете среќни. Тој ви дава шанса духовно да растете, да созреете и да зајакнете.
Не им покажувајте на децата дека треба да се задоволат со било што во животот што не е добро за нивната среќа!
М. Д. | Црнобело