5 работи за мали деца кои е многу поисплатливо да ги купите веќе користени

Доаѓањето на нов член во семејството носи со себе неизмерна среќа и радост, но и навистина големи трошоци.

5-raboti-za-mali-deca-koi-e-poisplatlivo-da-gi-kupite-vekje-koristeni-00

Многу од младите и неискусни родители секогаш се решаваат да купат нови работи за своето дете, плашејќи се за неговото здравје и имајќи ја во преден план хигиената.

Меѓутоа поискусните родители ќе се сложат дека постојат предмети за кои многу повеќе се исплати доколку ги купите како половни.

Дел од нив се следните:

1. Креветче

Креветчето се користи најмногу до три години, по што тоа станува премало за децата. Токму затоа многу родители решаваат да го продадат или да купат веќе користено наместо ново. Секако доколку се одлучите за вакво нешто, се препорачува да го смените душекот.

5-raboti-za-mali-deca-koi-e-poisplatlivo-da-gi-kupite-vekje-koristeni-01

2. Количка и седиште за во автомобил

Слично како и со креветчето. Можете да потрошите вистинско богатство за работи кои за многу кратко време детето ќе ги надрасне. Сепак пред да купите користени количка или седиште внимателно проверете дали се во исправна состојба.

5-raboti-za-mali-deca-koi-e-poisplatlivo-da-gi-kupite-vekje-koristeni-02

3. Хранилка

Доколку се одлучите да купите хранилка имајте на ум дека таа се користи од 6 месеци па до 2 години. Исто така на пазарот се достапни хранилки кои потоа се расклопуваат во детско столче, па би инвестирале во нешто покорисно.

5-raboti-za-mali-deca-koi-e-poisplatlivo-da-gi-kupite-vekje-koristeni-06

4. Дубак

Иако има многу полемики околу тоа колку овие помагала се корисни или штетни. Ако се одлучите на користен дубак обрнете внимание на тркалата, пластиката и додатоците кои тој може да ги има.

5-raboti-za-mali-deca-koi-e-poisplatlivo-da-gi-kupite-vekje-koristeni-03

5. Подлога за менување пелени

Постојат повеќе видови подлоги: меки и непропустливи, пластични кои се фиксираат на креветот, но заедничко за сите е што се направени за лесно и едноставно менување на елени. Често можете да ги најдете во комбинација со када и креветче, па да заштедите поголема сума.

5-raboti-za-mali-deca-koi-e-poisplatlivo-da-gi-kupite-vekje-koristeni-04

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg