Совети за родителите: Како да реагирате ако децата ве фатат за време на секс?

Што да правите, како да реагирате, што да кажете доколку детето ве улови во незгодна ситуација? Ова не е важно за вас, колку што е важно за него, затоа внимавајте.

soveti-za-roditelite-kako-da-reagirate-ako-decata-ve-fatat-za-vreme-na-seks-001.jpg

Нема сомнеж дека ситуацијата е крајно непријатна, но гледајте ја и како трауматична и збунувачка за децата.

Колку детето е помало, траумата е толку поголема

Децата до 3 години се интелектуално и емотивно незрели за да го разберат концептот на сексот. Постарите деца кои имаат јасна цел и претстава за различните полови, може многу полесно да се носат со ситуацијата.  

Не паничете и не викајте

Со викањето само дополнително ќе го исплашите. Ако паничите, ќе помисли дека правите нешто недозволено. Затоа, потрудете се да не губите контрола. Ако детето се упатило кон спалната соба за да ви каже дека му се оди во тоалет, а вие му се развикате, ќе биде преплашено и нема да може да разбере каде погрешило. Затоа, мирно и полека.

Прашајте го зошто не спие

Мирно станете од креветот, покријте се или облечете се и пријдете му. Префрлете го акцентот на нешто друго. Пример, дали му се оди во тоалет, зошто не спие, дали сонувало нешто лошо, дали му треба утеха или помош. А, потоа занимавајте се со одговорот.

Не го избегнувајте разговорот

Утредента немојте да се кикотите пред детето или да бидете збунети, бидејќи нема да го разбере таквото однесување. Обидете се да разговарате за да откриете што видело и запомнило, па според тоа ќе ја објасните целата ситуација. Ако почне со прашања, нека не ве плаши. Одговарајте му искрено, но на степен кој би можел да го разбере.

Не е препорачливо да му кажете на детето дека сте си играле, бидејќи секогаш може да очекувате одговор „зошто си игравте без мене?“ па целата ситуацијата да стане дополнително непријатна. Од друга страна, не брзајте со научните објаснувања за јајце клетките на мама и сперматозоидите на тато.

Љубовта е лек за сè

Ако во вашето семејство владее хармонија, ако со сопругот/сопругата постојано се прегрнувате и искажувате љубов и пред детето, не може да дојде до никакви негативни последици.

Дечињата и девојчињата различно ја доживуваат ситуацијата

Момчињата главно се приврзани за својата мајка, па ако ситуацијата ја проценат како некој облик на насилство врз неговата мајка, може да станат агресивни и лути на таткото.

Девојчињата пак, може да се шокираат бидејќи се поистоветуваат со мајката и го сакаат таткото, па затоа е важно на нив детално да има објасните дека тоа е последица од љубов, не од нешто друго.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg