Во Русија се отвори градинка како од бајките
Во градот Красногорск, близу руската престолнина, неодамна се отвори градинка под името „Сад-Град“.
Децата овде учат и играат шах, сликаат, учат аикидо и странски јазици како англиски, па дури и кинески.
Необичната палата е наменета за најмладите и е осмислена до последен детаљ - во неа има замоци и кули како од бајките, со протагонисти како од бајките, џуџиња, вили и што ли уште не.
„Сите ние кога ќе пораснеме се обидуваме да ги оствариме своите соништа од детството. Оваа градинка е остварување токму на тие соништа“ - вели претседателот, Сергеј Колунов.
Во овој центар, не само што се грижат за образованието на децата, туку и за здравјето.
Инаку, родителите не трпат голем товар за да ги испратат своите деца во оваа градинка.
Плаќаат само 35.000 рубљи месечно или 480 евра, што е просечна плата на дадилка во Русија.
Н. Г. | Црнобело