Зошто никогаш не треба да ја покривате детската количка на прошетка во лето?
Иако можеби мислите дека на тој начин ќе го заштитите детето од сонцето и топлината, никогаш не смеете да ја покривате детската количка со ќебенца, чаршафи или било кој друг материјал. Експертите велат дека тоа може да има многу лоши последици.
Дури и тенката прекривка може драматично да ја зголеми температурата во количката и да го зголеми ризикот од топлотен шок кој во најлош случај може да доведе и до смрт.
Шведските истражувачи на чело со педијатарот Сванте Норген откриваат дека прекривките во голема мера ја забавуваат циркулацијата и создаваат неподнослива топлина.
Своето тврдење го тестирале и откриле дека количките кои биле покриени и оставени на сончева светлина имаат поголема температура од оние кои не се покриени и тоа, дури за 15 степени.
Покрај тоа што прекривката создава екстремна жештина, тешко можете да забележите што прави во бебето во секој момент.
На родителите им се препорачува воопшто да не го изнесуваат своето дете надвор во периодот од 11 до 17 часот и секако, да не ја покриваат количката додека шетаат.
Н. Г. | Црнобело