8 мали тајни на татковците кои се успешни во сè што прават

Татковците можат да направат сè. Тие ги смислуваат најзабавните игри, знаат да направат совршено коњско опавче (дури и ако треба за тоа да ја искористат правосмукалката) и да ги научат синовите да шутираат како Роналдо.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-001.jpg

Секако тие имаат свои мали тајни со кои секогаш се одржуваат на врвот и не дозволуваат никој да стане подобар од нив.

Следните 8 трикови се дел од „тајните“ кои овие супер татковци ги споделуваат со вас:

1. Стегач за коса од декоративна жица

Искористете поголемо парче декоративна жица за да направите цврст стегач од кој нема да се лизга косата.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-02_copy.jpg

2. Патека за трки од стара маица

Земете стара маица и исцртајте тркачка патека. На овој начин децата ќе се забавуваат, а вие ќе добиете одлична масажа.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-03_copy.jpg

3. Чкорче од шпагети

Искористете ги шпагетите за да ги запалите свеќите, без да се плашите да не ги изгорите прстите.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-04_copy.jpg

4. Играње видео-игри

Ако сакате да ја играте омилената игра, а вашето дете сака да ви се приклучи, само извадете ги батериите од вториот џојстик и дозволете му да „игра“ со вас.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-05_copy.jpg

5. Пловечки разладувач

За да имате ладен пијалак при рака дури и кога си играте во базенот, само наполнете пластичен сад со мраз, а на рабовите поставете цилиндри за пливање.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-07_copy.jpg

6. Отворач за кутии

Децата мразат да чекаат, особено кога се работи за нова играчка. За отворањето да биде побрзо, искористете отворач на конзерви.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-08_copy.jpg

7. Миење прозорци со весник

Весниците се одлични за чистење на прозорците, а тоа особено ќе им биде забавно на најмладите.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-09_copy.jpg

8. Чорап на правосмукалката

Навлечете чорап на правосмукалката за лесно и брзо да ги соберете расфрланите ситни играчки од подот.

8-mali-tajni-na-tatkovcite-koi-se-uspesni-vo-se-sto-pravat-10_copy.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg