Приказна по која ќе посакате да ги прегрнете вашите деца
Девојче украсувало малечка кутија со златна хартија. Кога татко ѝ дознал дека потрошила многу пари за хартијата се налутил и ја казнил.
Следното утро девојчето го донело подарокот на својот татко.
„Ова е за тебе тато“ - рекла.
Кога ја отворил кутијата и видел дека е празна, таткото повторно се налутил.
„Зарем не знаеш дека кога даваш на некого подарок, треба да има нешто во него?“ -го прашал девојчето.
„Тато подарокот не е празен, исполнет е со бакнежи за тебе“ - одговорило девојчето.
Таткото изненаден, останал без зборови. Се чувствувал непријатно и само цврсто ја прегнал својата ќерка. Ја замолил да му прости.
Долги години таткото ја чувал кутијата покрај својот кревет.
Секогаш кога се бил тажен ја отворал кутијата и размислувал за љубовта која ја сместила неговата ќерка во неа.
Тоа секогаш му го подобрувало расположението.
Н. Г. | Црнобело