25 позитивни фрази кои секој родител треба да им ги кажува на децата пред спиење

„Раскажи ми за својот ден, сакам да слушнам како си помина“, „Ме расположуваш секој ден“ - Знаете ли со кои позитивни изрази ќе му ја зголемите самодовербата на детето и ќе направите да се чувствува заштитено и среќно?

25-pozitivni-frazi-koi-sekoj-roditel-treba-da-im-gi-kazhuva-na-decata-pred-spienje-01.jpg

Времето кога родителите ги заспиваат своите мали деца е важен момент во денот, бидејќи тогаш тие имаат можност да им всадат позитивни мисли и чувства.

Зборовите што ги изговараат, не само што создаваат мирна атмосфера за спиење, туку поттикнуваат емоционална сигурност и блискост меѓу родителите и децата.

Постојат многу мали начини да им покажете на децата дека се грижите за нив, а овие изрази се само еден начин да го направите тоа.

Кои 25 изрази можете да им ги кажувате на децата пред спиење?

1. Мило ми е што го поминувам денешниот ден со тебе.

2. Ти си посебно дете.

3. Раскажи ми за својот ден, сакам да слушам како си помина.

4. Тука сум за тебе, без оглед на сè.

5. Твоите мисли и чувства ми се најважни.

6. Ме засмеваш и расположуваш секој ден.

7. Толку сум горда на тебе и на тоа колку многу се трудиш за сè.

8. Имаш одлични идеи, кажи ми ако ти треба помош да ги реализираш.

25-pozitivni-frazi-koi-sekoj-roditel-treba-da-im-gi-kazhuva-na-decata-pred-spienje-02.jpg

9. Сакам сè поврзано со тебе.

10. Ти навистина можеш да правиш неверојатни работи.

11. Нашето семејство е посреќно откога те имаме тебе.

12. Ти си одличен брат/сестра.

13. Во ред е да се прават грешки, така учиме.

14. Едвај чекам да видам што ќе правиш утре.

15. Уживам во времето што го поминуваме заедно.

16. Ти си многу внимателна личност.

17. Имаш љубезно и големо срце.

25-pozitivni-frazi-koi-sekoj-roditel-treba-da-im-gi-kazhuva-na-decata-pred-spienje-03.jpg

18. Секогаш сум тука да те ислушам.

19. Сите твои чувства се важни, и убавите и неубавите.

20. Силен/а си и храбар/а.

21. Секој ден сум благодарна што си мои дете.

22. Го правиш секој мој ден посебен.

23. Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш.

24. Можеш да постигнеш сè што ќе си замислиш.

25. Се радувам на утрешниот ден што ме очекува со тебе.

А. Ј. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg