Светот остро ја нападна мајката која на груб начин го учи бебето да плива (видео)
Сите на социјалните мрежи се нервозни поради едно вирално видео каде бебе плови во вода на грб во базен, додека неговата мајка мирно го набљудува.
Една мајка од Флорида тврди дека уште од рана возраст ја учи својата ќерка како да плива, додека пак, корисниците на социјалните мрежи велат дека нејзината метода воопшто не е безбедна.
На видео снимката можете да видите како бебето е повлечено кон водата за да се нурне во неа, паѓа во неа и добива поддршка од страна да заплива, но само со зборови.
Конечно, бебето се врти на својот грб и започнува да плови во базенот.
Мајката Кери Морисон тврди дека техниката „Infant Swimming Resource Self-Rescue“ каде бебињата сами учат да пливаат може само да им помогне, односно да спречи да се удават.
Од друга страна, луѓето на социјалните мрежи ја осудуваат и тврдат дека техниката е брутална.
Што мислите вие?
Н. Г. | Црнобело