Кул идеи за изработки што може да ги правите со децата, инспирирани од природата
Природа, заедничко време, креативност… ваквите активности вашите деца ќе ги паметат уште долго, а вие ќе можете да се поврзете на еден поинаков начин.
Малку креативност и излет во природа може да направат многу за вас, но и за вашите деца.
Поминете квалитетно и забавно време со нив, оддалечени од технологијата, па истражувајте ја вашата околина и создавајте дела кои ќе ги паметат.
Овие креативни изработки не бараат многу финансии, а вашите деца со сигурност ќе уживаат во времето поминато заедно.
Следниве идеи нека бидат ваша инспирација:
Цветен фенер
Направете сад со помош на балон, кој ќе ви помогне да ја задржите структурата, а потоа на истиот залепете неколку листови и цветови.
Додајте лед светилка (за да нема опасност од пожар) и уживајте.
Виножито
Со помош на картон, направете шаблон за виножито за вашите деца. Потоа, изберете обоени ливчиња или цветови и ставајте ги во секој отвор.
Ова е забавен начин да ги извадите децата надвор и притоа да ги учите боите.
Мини градина со лушпи од јајца
Оваа слатка мини градина со јајца е едноставна за правење. Нежно скршете ги врвовите од неколку јајца и наполнете ги со земја и семиња.
Печати од листови
За оваа изработка најдобро е да користите акварел бои. Така, децата може да ги насликаат долните страни од листовите и на лист хартија да ставаат печати од нив.
Лавиринт
Децата може да собираат работи од природата и да прават забавни лавиринти од картонски кутии. Предметите може да ги лепат на картонот и потоа да тркалаат топчиња за да стигнат до целта.
Стариот капак од кутијата за чевли би бил совршен за оваа намена.
М. Ѓ. | Црнобело