Мајка која не славела матура бидејќи била бремена, добила покана од синот да му биде партнерка
Мелиса Рошан Потер никогаш немала можност да присуствува на матурска вечер, па нејзиниот 18-годишен син Треј Потер одлучил да ѝ приреди изненадување и да ја покани на неговата матура.
Мајката од Охајо, која била зачната откако нејзината мајка била силувана, пораснала во 23 различни домови за сирачиња, а на 16 години кога немала каде да живее, останала бремена.
„Никогаш немала прилика да отиде на матурска вечер, а многу жртви направила за да ме има мене“ - изјавил Трој. Токму од оваа причина овој благодарен син решил да ја покани својата мајка на неговата матура за да му биде партнерка.
А, од друга страна пак, пресреќната мајка, споделила емотивно видео на својот Инстаграм профил:
„На пат сум на матурска вечер. Добро слушате, мојот син ме повика на својата матура, бидејќи бев бремена кога требаше да ја прославам мојата“ - вели Мел во видеото.
Н. Г. | Црнобело