Престанете да им велите на младите мајки да најдат малку време за себе – тоа не е доволно!

Ја нема таа купка што може да ги поништи ефектите на насобраниот стрес и анксиозност. Ниту една дремка на светот нема да ни ја даде енергијата што ни е потребна за да ги балансираме кариерата и родителството. Се сложувате ли?

prestanete-da-im-velite-na-mladite-majki-da-najdat-malku-vreme-za-sebe-toa-ne-e-dovolno-01.jpg

Речиси секоја мајка ќе ви каже дека мајчинството е мошне тешка и неблагодарна задача, и дека иако нивните деца се најубавото нешто што им се случило во животот, ниту една од нив не очекувала дека ќе се соочи со таков период во животот.

Но, понекогаш можеби проблемот лежи и во нас самите – во високите критериуми што сами себеси си ги поставуваме и што општеството ни ги поставува, а ние се обидуваме да одговориме на тие критериуми и во сè да бидеме „совршени“.

На веб-страницата „Зелена учионица“ е објавено писмо упатено до сите оние мајки што се чувствуваат уморно и исцрпено, а веруваме дека во него ќе се пронајдат и голем број жени.

Во продолжение, текстот ви го пренесуваме во целост:

„Седев на креветот, бесцелно скролајќи низ Инстаграм по објавите на мајките, коишто, очигледно се многу подобри од мене. Посреќни, поубави, понегувани, поспособни…

Подобри мајки и поуспешни бизнис жени. Од другата соба го слушнав гласчето: ’Мамо, не можам да заспијам … ‘, а сè што јас можев да понудам беше кратко: ’Добро љубов моја…‘

Без решение, без обид да ја утешам. Затоа што одеднаш снемав решенија…

Мојот сопруг, очигледно, го почувствува тоа. Внимателно ме праша: ’Душо? Дали сè е во ред?‘

Размислив на миг за тоа прашање. За тоа како постојано ме притискаат грижата, чувството на вина, стресот.

Да сакав искрено да одговорам, веројатно би рекла:

’Исцрпена сум. Од сè.

Без трошка сила.

И чувствувам дека воопшто не сум добра мајка‘.

prestanete-da-im-velite-na-mladite-majki-da-najdat-malku-vreme-za-sebe-toa-ne-e-dovolno-02.jpg

Но, не би требало да се жалам. На толку многу начини сум среќна. Го сакам тоа што сум мајка, го сакам својот живот.

Затоа само така лежев и наместо од себе да ги исфрлам сите емоции, само реков:

’Ма, добро сум. Само денес беше малку… Тешко.‘

’Добро. Ајде овој викенд укради си неколку часа само за себе, јас ќе се погрижам за сè‘ – ми рече сопругот.

Очигледно и тој слушнал или некаде ја прочитал таа неколкупати раскажана приказна дека е важно младите мајки да имаат време да се погрижат за себе.

Но, знаете што е всушност вистината?

Вистината е дека тоа не е доволно. И време е да престанете да им зборувате на мајките да пронајдат време повремено да направат нешто за себе.

Како неколку часа месечно (па и неделно) да може да ги поништат децениите на културолошки индуцираното преоптоварување заради коешто се чувствуваме толку истрошено.

Ја нема таа купка што може да ги поништи ефектите на насобраниот стрес и анксиозност.

Не постои излегување со другарките заради коишто ќе исчезнат месеците на изолација и чувството на осаменост.

Ниту една дремка на светот нема да ни ја даде енергијата што ни е потребна за да ги балансираме кариерата и родителството.

prestanete-da-im-velite-na-mladite-majki-da-najdat-malku-vreme-za-sebe-toa-ne-e-dovolno-04.jpg

Мајките се преморени и општеството мора да почне да се грижи за тоа.

Тоа исто општество што од нас очекува да бидеме нежни и грижливи, во опкружување што тоа не ни го возвраќа.

Затоа драга мајко запомни: со право се чувствуваш исцрпено. Не си замислуваш, навистина е тешко. И ти не си виновна за тоа.

Исцрпена си затоа што од првиот миг кога им откри на сите дека си бремена, бомбардирана си со купишта небарани совети и приказни за тоа каков тежок период те очекува.

Исцрпена си затоа што мораше да се вратиш на работа пред да бидеш подготвена за тоа, додека сите вперуваа со прст во тебе затоа „што ја избираш кариерата пред семејството“.

Исцрпена си затоа што се чувствуваш како постојано да мораш да се правдаш за своите одлуки. Да работиш или да не работиш. Дали предолго да доиш или да не доиш. Да го запишеш детето во градинка или да останеш со него дома.

Исцрпена си затоа што цело време жонглираш меѓу тоа да поминеш квалитетно време со своето бебе или да подлегнеш под притисокот да имаш среден дом како на Инстаграм.

Исцрпена си затоа што, по целиот ден поминат дома, со бебето, чувствуваш дека треба да бидеш пожелна, насмеана, расположена сопруга.

Исцрпена си затоа што секој час те прашуваат уште колку килограми треба да загубиш за да се вратиш на својата „стара килажа“. Како тоа да ти е главната цел во животот!

Исцрпена си затоа што ти недостасуваат пријателките.

Исцрпена си затоа што предолго им истураш од својот филџан на сите околу себе, а забораваш нешто да оставиш за себе.

Веќе го кажав тоа и пак ќе го кажам: ’Мајко, не правиш ништо погрешно. Едноставно ТЕШКО Е‘.

prestanete-da-im-velite-na-mladite-majki-da-najdat-malku-vreme-za-sebe-toa-ne-e-dovolno-05.jpg

И сета таа исцрпеност не е твоја вина.

Е сега, некои решенија на сите овие ситуации се очигледни, а некои баш и не се. Затоа што всушност тие проблеми ти не си ги создала. Тоа се само манифестации на погрешно поставените општествени очекувања и притисоци, кои прават мајките често да се чувствуваат толку промашено. И иако тоа не е едноставно, ниту фер, изгледа дека никој друг нема да дојде да ги поправи работите, ако тоа не го направиме сами.

И не зборувам тука ниту за топлата купка, ниту за чашата вино испиена на мир.

Зборувам за правото да бидеме ранливи.

За одбивањето на тоа да се загубиме себеси, обидувајќи се да бидеме сето она што општеството од нас го очекува – совршени мајки и совршени жени.

Така што нема да се срамиме да бираме, да одлучуваме што е најдобро за нашето семејство, без разлика на тоа што мисли општеството. Ниту да бидеме ранливи, кога така се чувствуваме.

prestanete-da-im-velite-na-mladite-majki-da-najdat-malku-vreme-za-sebe-toa-ne-e-dovolno-06_copy.jpg

Ранливоста не е срамота, туку многу често, таа е вистинскиот пат за лекување на раните.

Така што, отворено и јасно, ќе кажеме што ни е потребно и што очекуваме. Затоа нема никому да му се извинуваме.

И, можеби е најважно, да им бидеме поддршка на сите мајки што ги познаваме – и тие да го направат истото.

Затоа што, ако сме искрени, никој на овој свет не е похрабар од мајката.

prestanete-da-im-velite-na-mladite-majki-da-najdat-malku-vreme-za-sebe-toa-ne-e-dovolno-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg