Што е тоа „немајка“?
Постојат типови на жени кои ние Балканците сакаме да ги нарекуваме „немајки“. Тоа е жена која технички е мајка, но по балканските стандарди таа не ја заслужува таа титула.
Оваа жена не ги слуша советите од сосетките, свекрвата, золвите и останатите жени кои мислат дека сè знаат и кои се убедени дека знаат подобро од докторите.
„Немајката“ понекогаш знае малку да се посвети и на себе - излегува со пријателките, оди на фризер и на шопинг.
Нејзиниот дом никогаш не е целосно „цакум пакум“. Секогаш може да се најде некој хаос.
Таа не го форсира детето да седи на три месеци, а да прооди на шест месеци само за да може да се пофали на Фејсбук.
„Немајката“ не знае што е најдобро за нејзиното дете, бидејќи не студирала медицина цели 12 години.
Таа не ги пребарува на интернет советите од надрилекарите и не бара совети од родителските групи кога нејзиното дете има некој здравствен проблем. Кога е загрижена, детето го носи на доктор.
Таа не го храни детето со „детски“ кекси и бисквити, иако меѓу нас Македонците се знае дека се многу здрави, хранливи и важни за физичкиот и менталниот развој на детето.
„Немајката“ не го тера детето навечер да јаде мелени бисквити со млеко или гриз за да ја преспие целата ноќ.
Таа ги воведува новите намирници според препораките од експертите, а не кога таа смета така или по препорака на бабите со соседството или сè се јаде од 6 месеци само затоа што нашите мајки го правеле тоа, а нас денес ништо не ни е.
Не му дава на бебето лекови на своја рака.
Не му става пелени на детето до четвртата година, бидејќи така ѝ е полесно...
Н. Г. | Црнобело