Што значи да се биде помладото дете во семејството?

Да се воспитаат две, три или повеќе деца е навистина огромен предизвик. Но, таквата одлука им помага на децата да го изградат и одржуваат еден од најдолгите и најважните односи во својот живот – т.е. врската со браќата и сестрите.

sto-znaci-ako-ste-pomladoto-dete-vo-semejstovoto-01

Вторите деца се особено приказна за себе, а еве кои се нивните предности и маани:

Предности:

1. Помладите деца имаат посилна емпатија

Научните истражувања потврдија дека младите деца во семејството имаат поголема потреба да се поврзат и да изградат добар однос со другите. Оваа карактеристика првенствено се поврзува со физичките карактеристики. Всушност, постарото дете е подоминантно и поискусно – затоа има животна предност над второто дете.

Од друга страна, помладото дете е физички послабо т.е. како такво ги развива другите способности за да се истакне во околината и во семејството. Младите деца исто така ја користат нивната способност за прилагодување – тие се поистоветуваат со другите, но знаат и да манипулираат.

Токму таа карактеристика што можат да се „пикнат во туѓата кожа“ ги прави снаодливи, затоа не е ни чудо дека најпознатите светски комичари биле помладото дете во семејството.


2. Тие се индивидуалци

Токму поради тоа што се втори во семејството, помалото дете има силна желба да изгради своја индивидуалност – т.е. да се разликува од братот или сестрата. Тие копнеат по индивидуалност и поради тоа често се случува да бидат потполна спротивност од остатокот од семејството, посебно од постарото дете.

Експертите објаснуваат дека се работи за тоа што детето сака потсвесно да привлече што е можно повеќе внимание, бидејќи претходно тоа било посветено на постарото дете. Ако сте второ дете, споредете се со братот или сестрата и ќе забележите колку всушност сте различни.


Маани:

1. Имаат поголеми шанси да се разболат

Иако звучи негативно, тоа и не е толку лошо. Всушност, штом постарото дете ги помине бројните вирози, настинки и болести по градинките со тек на време станува поотпорно. За разлика од нив, младите деца сето тоа порано ќе го поминат и побрзо ќе им зајакне имунитетот токму поради болеста на братот или сестрата.

Иако тоа може да претставува вистински проблем за родителот, помладото дете многу побрзо ќе го изгради и зајакне својот имунитет, па така во градинките и раната училишна возраст тоа ќе биде многу поотпорно од својот постар брат или сестра.


2. Тие се посклони на лоши навики

Младите деца се сунѓери кои впиваат сѐ што ќе направи братот или сестрата. Токму поради таа причина тие се посклони на пороци. Најчесто тие пороци се имитирање на другите, особено членови на семејството. Едно истражување потврдило дека ако постариот брат или сестра пуши дека постојат 4 пати поголеми шанси дека ќе пуши и помладото дете.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако детето „боледува“, треба да ја лекувате мајката Детето или го храните со позитивност, љубов, внимание, нежност или се тресете на...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
18 животни лекции на кои треба да ги научите вашите деца во тинејџерските години, низ илустрации Некои совети кои ќе им ги кажеме на децата додека се мали или во периодот на пуб...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување ... Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – ка...
9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg