18 животни лекции на кои треба да ги научите вашите деца во тинејџерските години, низ илустрации
Признајте си ги грешките и научете од нив... Не дозволувајте други да одлучуваат за вашата иднина. Овие илустрирани совети се идеални за тинејџерите, но и за нивните родители.
Некои совети кои ќе им ги кажеме на децата додека се мали или во периодот на пубертетот ќе ги следат и ќе ги водат низ целиот живот.
Кои работи е мошне важно тинејџерите да ги научат во младоста, за од нив да изградите вистински силни и зрели личности?
Во продолжение низ илустрации погледнете кои совети треба секој родител да му ги даде на своето дете:
Мора да научите да признаете дека сте згрешиле и да прифатите совет
Секому може да му се случи да згреши. Додека учи, на работното место, па и во приватниот живот...
Но, ако сте направиле грешка подобро е да си признаете и да побарате помош, отколку да инсистирате дека сте во право и само дополнително да ја влошувате ситуацијата.
Не дозволувајте другите да носат животни одлуки за вас
Секој треба сам да учи од сопствените грешки, да носи сопствени заклучоци, а тешко е кога чувствувате дека не сте ги оствариле сопствените соништа само затоа што сте дозволиле други да носат важни одлуки за вас.
Дури и да не донесете правилна одлука, нема да знаете дали сте во право сè додека не се обидете, нели?
Научете да кажете: „Не!“
Одговорот „Не“ е сосема оправдан во ситуациите кога не се чувствувате удобно со нечии барања или пак, кога тоа што го бараат од вас не се вклопува во вашите планови.
Ако сакате да им удоволите на сите, нема да бидете подобра личност, туку несреќна.
Заборавете на стереотипите
Заборавете на стереотипите поврзани со родовата или половата припадност. Дури и Викинзите знаеле да плетат чорапи и тоа не ги направило помалку мажествени или борбени.
Не се срамете да побарате помош
На сите може да ни се случи да не можеме нешто да направиме сами и да ни затреба помош. Научете се да побарате поддршка од луѓето за да не ги занемарувате оние што навистина сметаат на вас.
Бидете вистински храбри
Запомнете, потребна е поголема храброст да одбиете да ги направите опасните работи, отколку да ги направите јавно, а потоа да се носите со последиците или да си го загрозите здравјето.
Не сметајте дека сите ви се пријатели
Мора да научите дека луѓето се делат на познаници, соседи и соученици. Но, тоа не значи дека сите ви се пријатели. Вистинското пријателство никогаш не се губи со текот на времето.
Немојте да се срамите од работи што се вообичаени
Не само што е нормално на лекарот да му ги кажете непријатните симптоми, туку тоа е и неопходно. Истото се однесува и за во аптека.
Не е срамота да одите и да купите презервативи, хигиенски влошки или други работи од кои можеби се срамите. Срамота е некому да му го подметнете, но не е срамота да купите лаксатив.
Не одбивајте да научите нешто ново
На сите ни се случило во младоста да се запрашаме зошто воопшто учиме некои работи и како тие ќе ни користат.
Но, вистината е дека никој не може да предвиди што ќе се случи и како стекнатото знаење може да ви користи во иднина.
Секогаш дајте му приоритет на семејството
Ако некој се потсмева со вас затоа што им давате приоритет на членовите во семејството, тоа значи дека почитувате различни вредности во животот и дека треба да размислите дали вашето пријателство е вистинско.