18 животни лекции на кои треба да ги научите вашите деца во тинејџерските години, низ илустрации
Со текот на годините се менува и дефиницијата за она што е привлечно
Нема да бидете попривлечни и повпечатливи ако носите скапа облека, ако имате набилдани мускули или можете да издржите болка.
Запомнете дека најпривлечна ваша особина е вашиот разум. Тоа ќе ви помогне да избегнете конфликти, да формирате правилни ставови и да не дозволите да бидете испровоцирани со бесмислени шеги.
Научете како сами да си ги завршувате обврските во домот
Прво и основно, ниту една возрасна личност не треба да зависи од некој друг за да му ги завршува секојдневните потреби.
Исто така, вие треба да му помагате на партнерот, а не да чекате тој да ги извршува сите обврски во домот.
Не започнувајте врска ако не сте подготвени за тоа
Не влегувајте во врска само за да не бидете сингл. Луѓето не треба да ги искористувате за да ви ја пополнат празнината во животот.
Дајте си шанса да комуницирате со луѓе, да одите на состаноци, и да бидете пријатели, па така постои можност да најдете некоја личност што ќе биде вистинска за вас.
Не се фалете со работи за кои можете да се срамите во иднина
Не објавувајте фотки заради кои би можеле да се чувствувате непријатно пред родителите – не затоа што ќе ги вознемирите нив, туку затоа што ништо не може целосно да исчезне од интернет.
Може да се чувствувате повредени кога по многу години нема да можете да си ги остварите соништата заради нешто што сте го објавиле кога сте биле тинејџер.
Ако сметате дека вашата врска не ве исполнува, бидете искрени со партнерот за тоа
Научете да не заобиколувате и да очекувате партнерот да се сети дека вам не ви се допаѓа врската. Поштедете го партнерот од страдање и бидете искрени за сопствените чувства.
Воопшто не е фер да се криете од личноста само затоа што се обидувате да избегнете непријатен разговор.
Работното место не мора да биде престижно, туку треба да ве исполнува
Најважно е да бидете професионалец во тоа што го работите. Само така ќе добиете солидна заработка и почит од другите.
Научете како да располагате со парите, да живеете на буџет и да заштедите
Велат дека среќата не може да се купи со пари, но животот е многу полесен кога се чувствувате финансиски стабилни и комфорни.
Финансиската несигурност е разбирлива за децата, но не и за возрасните луѓе.
Вие сте одговорни за просторот во којшто живеете
Најлесно е да кажете дека не знаете нешто да правите и да избегнувате да преземете одговорност.
Но, не треба да бидете хигиеничар за да го фрлите ѓубрето што ви мириса во кујната или да бидете електричар за да ја промените светилката во ходникот.
Б. С. Б. | Црнобело