Ако детето „боледува“, треба да ја лекувате мајката

Детето или го храните со позитивност, љубов, внимание, нежност или се тресете над него, хранејќи го со стравови, сомнежи, загриженост, депресија, умор... Се согласувате ли?

srekjna-majka-srekjno-dete-01.jpg

Мајката е клучна во раниот развој на детето и не залудно велат среќна мајка, среќно дете, зарем не?

Како што во бременоста не треба да се внесуваат отрови, како што е алкохол, дрога, цигари, така по раѓањето на детето клучна е психата на мајката.

Нејзината ментална состојба повеќе од што било може да биде мевлем или отров за развојот на детето.

Па, така, среќна мајка значи и среќно дете.

Како што за време на бременоста се препорачува мајката да биде спокојна и позитивна и да живее со радоста за раѓањето на детето, во таква состојба таа треба да биде и додека го расте детето.

srekjna-majka-srekjno-dete-02.jpg

Како жената ги доживува и чувствува работите, така влијае на детето. Па така нејзината смиреност и позитивна мисла ќе донесат само добро за сите.

Преголемата загриженост е нормална кај мајките, особено кога станува збор за прво дете, но сите тие чувства таа несвесно ги внесува и во своето малечко.

Мајката која постојано е загрижена за детето и преполна со стравови може на него да му пренесе таков тип на енергија и тоа навистина да не се чувствува добро.

srekjna-majka-srekjno-dete-03.jpg

Дали додека правите супа постојано сте загрижени што ако не успее, дали ќе биде пресолена, ставив ли доволно зачини, а зеленчук?

Ако готвите вака, наместо релаксирано и без стрес, вашата храна нема да биде толку вкусна.

Слично е и со растењето на детето. Или го храните со позитивност, љубов, внимание, нежност или се тресете над него, хранејќи го со стравови, сомнежи, загриженост, депресија, умор...

Згора на ова ако додадете и скандали и немир во семејството, тогаш ќе ја изгаснете светлината во вашето дете и во него ќе вметнете гнев, иритација и сето тоа ќе се одрази на неговиот организам.

srekjna-majka-srekjno-dete-04.jpg

Не си ги повикувајте сами неволјите, размислувајте позитивно и заразете го вашето дете во убава и релаксирана енергија.

Опуштете се и не заборавајте на важноста на енергетската врска помеѓу мајката и детето.

Извор

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg