Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Важни совети од Јануш Корчак: Како да бидете добар родител?

Истакнатиот полски учител, автор за деца, доктор и активист за граѓански права, Јануш Корчак бил навистина неверојатен човек – херој кој трипати одбил да го спаси својот живот за доброто на другите.

10-soveti-od-janusz-korczak-kako-da-bidete-dobar-roditel-01.jpg

Пред Полска да биде нападната од нацистите, Јануш Корчак планирал да се пресели во Палестина. Во тоа време работел како директор на дом за сираци и едноставно не можел да се натера себеси да ги напушти сите деца кои биле под негова закрила и да ги остави сами во Варшава.

Тој решил да остане со децата и да се соочи со ужасните настани кои следувале.

Бил силна личност и одличен професор кој одлучил да остане со неговите деца дури и кога се соочил со гасна комора, денот кога ја жртвувал сопствената слобода и живот за да остане заедно со неговите ученици до самиот крај.

За да го дополниме портретот на Јануш Корчак, ќе ги споделиме со вас овие десет длабоки мисли од неговите педагошки книги, „Како да сакате дете“ и „Сакајте го секое дете“.

1. Не очекувајте вашите деца да ги исполнат вашите амбиции. Помогнете им да станат она што навистина се, а не она што вие сакате да бидат.

2. Не очекувајте дека вашето дете ќе врати сè што сте инвестирале во него. Вие му го дадовте животот, како тоа може да ви возврати со иста мера? Тоа ќе му подари живот на своето дете и ова е неповратен акт на благодарност.

3. Никогаш не ја истурајте вашата огорченост на вашите деца и ќе ги одбегнете разочарувањата понатаму во животот. Ќе жнеете она што сте посеале.

4. Не ги потценувајте проблемите на вашите деца. Сè во животот ни е дадено во согласност со она што можеме да го издржиме. Не заборавајте, животот на детето е полн со предизвици исто како вашиот, па дури и поголеми, бидејќи детето нема животно искуство.

5. Никогаш не го омаловажувајте вашето дете!

6. Не заборавајте дека најважните средби во животот се средбите со деца. Обрнете им повеќе внимание, бидејќи никогаш не знаете колку добра личност е детето во себе.

7. Не бидете строги кон себе ако не можете да направите нешто за вашето дете. Само запомнете, никогаш ништо не е доволно, ако не сте направиле сè што можете.

8. Детето не е тиранин кој го презема вашиот живот. Тоа не е само ваша крв и месо. Тоа е драгоцен пехар на животот кој ви бил даден вас за да го запалите нивниот креативен оган. Тоа е декларација на љубовта која двајца луѓе ја делат меѓусебно, и од моментот на неговото раѓање, родителите не одгледуваат само дете, туку жива душа.

9. Научете да ги сакате и туѓите деца. Никогаш не се однесувајте кон другите деца, онака како што не би сакале да се однесуваат со вашето.

10. Сакајте ги вашите деца без разлика што се или кои се, дури и ако израснат во неталентирани и неуспешни луѓе. Уживајте во комуникацијата со нив, бидејќи децата се славење на животот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Бебе мое, јас те нишкав за да заспиеш, а сега трчаш низ куќата како да е твоја и стануваш мало чове... Гледам како растеш, но тоа е толку чудно... затоа што сум со тебе секој ден. Ког...
Што да направите ако детето ви се изгуби на плажа? Советувајте го да стои во место, а не да ве бара низ плажата и осигурете се дека...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg