Како да си го вратите животот во нормала по породувањето?
Животот по породувањето може да ви се чини како тежок и некогаш изгледа невозможно да си најдете време за себе.
Ова е нормално, но може да се појават различни типови негативни мисли и чувства.
Освен што воспитувањето не е доволно заморно, по нивното раѓање постои емотивен багаж кој го создаваат тие чувства – т.е. чувствата на ниска самодоверба и дури презир.
1. Преземете контрола
Првиот чекор е да се ослободите од што е можно повеќе стрес. Направете неделен распоред за домаќинството и држете се до него.
Можеби можете да го чистите тоалетот во понеделник, да метете во среда и да правите генералка во недела. Направете распоред кој ќе ви одговара на обврските што ги имате, но запомнете – чиста куќа води до внатрешен мир.
2. Вратете ја самодовербата
Откако ќе се смирите поработете на самодовербата. Најдобар начин да станете самуверени е да откриете што ја потиснува. Се здебеливте поради бременоста? Сметате дека имате лоша/стара облека? Можеби на косата и на кожата им е потребна поголема нега?
Создадете цел која се базира на она како сакате да изгледате, вклучувајќи го и стилот и поделете ја таа цел на неколку можни цели.
Ако сакате да ослабете зачленете се во вежбална, вежбајте дома и внимавајте што јадете. Кога ќе заличите на старата верзија од себеси, тогаш ќе почнете и така да се чувствувате.
3. Побарајте помош
Можеби сте одлични во жонглирањето на обврските, децата и работата, но тоа не значи дека не ви треба помош. Ако работите со полно работно време, бидете сигурни дека вашиот партнер ќе ви помогне со домаќинството.
Направете распоред за децата да ви помагаат со домот. Доволно е да имаат 2 години за да може да ја стават нивната нечиста облека во кантата за валкана облека и да си ги средат играчките.
Постојат различни обврски за деца од различни возрасти. Ова е најдобриот начин да ги научите на вредни животни вештини.
4. Поврзете се одново
Ако се чувствувате дека не си ги гледате пријателите колку што би сакале, тогаш направете планови и држете се до нив.
Барем еднаш месечно договорете се на кафе или воопшто да излезете со вашите пријатели. Најдете дадилка и дозволете си да имате убава вечер.
Исто така, оваа можност може да ја искористите за да бидете сами со партнерот.
Само бидете сигурни дека ќе го оставите телефонот. И онака нема цел да излезете, ако се „ѕверите“ во екранот цела вечер. Што и да правите само запомнете: мамурлак со мали деца не е многу забавно.
5. Имајте соништа
Не зборуваме за оние навечер, туку за оние животни соништа. Сонувате за нешто големо што сѐ уште не сте го пробале?
Еднаш штом животот ќе ви тргне по некаков распоред, ќе откриете дека може да најдете време за вас. Ако го искористите ова време за да остварите некоја животна цел, тогаш наградите ќе се и повеќе од задоволувачки.
С. С. | Црнобело