Како да се справите со зголемениот секрет за време на бременоста?
Бременоста е прекрасна, но и неверојатно напорна за многу жени.
Една од најнепосакуваните, но и најчестите нешта во текот на бременоста е зголемениот секрет. Без разлика дали е со или без инфекција, тоа е навистина непријатно.
Еве како да се справите со него:
Ако секретот е само зголемен, а нема изменет мирис, изглед ниту имате проблеми при сексуален однос или мокрење, тогаш нема потреба за понатамошна терапија.
Но, ако тој е изменет – т.е го промени мирисот или изгледот и е проследен со јадеж или печење, потребно е да испитате дали имате некоја инфекција.
При терапија на вагинални инфекции, најчесто употребувани се вагиналетите:
Во случај на габични инфекции се користи бутоконазол (C), клотримазол (C), миконазол (C) или тиоконазол (C).
При trihomonas vaganalis и бактериските вагинози се користат метронидазол(B).
Пред употреба на било кој од овие лекови задолжително треба да го проверите составот и без разлика што може да се купат во слободна продажба, задолжително советувајте се со доктор.
С. С. | Црнобело