Игра за креативен развој на децата: Како да им направите сенки со рацете?
Како да направите зајак? Или куче? Со овие туторијали лесно ќе научите како да направите 7 различни животни и да се забавувате со најмладите...
Сенките со раце се одличен и забавен начин да им го привлечете вниманието на децата.
Не постои дете што нема да ужива додека му раскажувате некоја сказна, а на ѕидот со рацете ги доловувате движењата на животните преку нивните сенки.
Но како да ги направите?
Во продолжение следи мини туторијал како да направите 7 сенки од животни со рацете:
Елен
Со десната рака ставете го показалецот врз средниот прст, а малиот прст врз домалиот.
Во исто време, свиткајте го палецот во внатрешноста на дланката.
Левата рака допрете ја до десната, на зглобот каде што почнува палецот.
Раширете ги прстите и малку свиткајте ги навнатре.
Краба
Раширете ги прстите од двете раце и благо свиткајте ги навнатре.
Палците од двете дланки свиткајте ги целосно за да не се гледаат.
Ставете ја левата врз десната рака како на илустрацијата.
Птица во лет
Раширете ги дланките на двете раце, а прстите нека ви бидат споени еден до друг.
Дланките нека ви бидат свртени кон вас.
Ставете ја левата рака врз десната кај зглобовите, па палците од двете раце спојте ги еден кон друг.
Лебед
Десната рака свиткајте ја кај лактот па испружете ги малиот и домалиот прст нанапред во хоризонтална положба.
Потоа свиткајте ги показалецот и средниот прст и спојте ги со палецот во круг (за да ја добиете главата на лебедот).
Левата рака испружете ја наназад преку лактот на десната за да ги направите телото со крилјата.
Куче
Кренете го нагоре палецот на десната рака, а останатите прсти испружете ги хоризонтално, благо превиткани нанапред.
Кренете го и левиот палец, а превиткајте го показалецот кон другата рака.
Средниот прст од десната рака испружете го нанапред и со него допрете го ноктот на показалецот на десната рака.
Коњ
Десната рака свиткајте ја кај зглобот за да формирате агол од 90 степени со раката.
Исправете го десниот палец, а останатите прсти нека ви бидат споени.
Спојте ги и прстите на левата рака, па испружете го палецот.
Допрете ги рацете една до друга колку што можете поблиску, а десната дланка потспуштете ја за да направите уста на коњот.
Зајак
Малиот и домалиот прст на левата рака свиткајте ги навнатре за да ја допрат дланката, а средниот прст испружете го хоризонтално.
Показалецот малку свиткајте го во правец на палецот.
Потоа свиткајте го показалецот на десната рака да се допре со палецот.
Малиот и домалиот прст спојте ги и испружете ги нагоре.
Нагоре кренете го и средниот прст, но да биде одвоен од малиот и домалиот (за да направите уши на зајакот).
На крајот допрете ги левата до десната рака со надворешната страна и ќе добиетев сенка со фигура на зајак.
А. Ј. | Црнобело