Искрени исповеди од наставници: „Работи кои сакаме да им ги кажеме на родителите, а не смееме“

„Вашето дете се однесува лошо затоа што првпат се сретнува со граници. Не сум лош наставник, ниту го имам земено вашето дете на пик. Едноставно имам правила и очекувања“ - работи кои наставниците „не смеат“ да им ги кажат во лице на родителите на учениците, а сакаат. 

iskreni-ispovedi-od-nastavnici-raboti-koi-sakame-da-im-gi-kazheme-na-roditelite-na-uchenicite-01.jpg

Во денешно време, кога работите се многу променети, навистина е тешко да се биде добар наставник, но и добар родител.

Често се случува наставниците да не смеат да кажат нешто пред родителите, бидејќи веднаш ќе бидат прекорени и ќе добијат закани.

Но, на Редит, наставниците ја имаат својата слобода, па се исповедаат на тема „Ако можете да кажете една вистина на родителите, што би било тоа?“, без да бидат погрешно разбрани.

Погледнете неколку исповеди во продолжение кои наставниците не се осудуваат да им ги кажат во живо на родителите:

„Кажете им на децата не. Кажувајте им НЕ почесто. Не, не им е потребно цел ден да кажувате ДА. Не, нема да ги истрауматизира. Навикнете ги на зборот НЕ. Веднаш“.

„Ве молам читајте им на децата. Носете ги во библиотека. Дајте им книги наместо таблети.“

„Вашето 8-годишно дете не треба да користи ТикТок без надзор. Или воопшто...“

„Ве молам научете ги децата на основни манири и бонтон. Тоа што морам да учам 14-годишни деца на едноставни работи како „те молам“ и „благодарам“ и гледање во очи кога некој им зборува, е лудо...“

iskreni-ispovedi-od-nastavnici-raboti-koi-sakame-da-im-gi-kazheme-na-roditelite-na-uchenicite-02.jpg

„Вашето дете се однесува лошо затоа што првпат се сретнува со граници. Не сум лош наставник, ниту го имам земено вашето дете на пик. Едноставно имам правила и очекувања“.

„Вие имате поголема контрола над телефонот на вашето дете отколку јас – искористете ја правилно“.

„Престанете да глумите адвокат на детето и да го браните, бидете му родител“.

„Јас имам диплома за ова, а вие имате ли? Ако сте оделе во училиште не значи дека знаете и да предавате!“

„Не славете толку многу – оценките се напумпани и подарени“.

„Да им дозволите на децата да доживеат неуспех ќе им донесе повеќе корист отколку да интервенирате вие за нивниот успех“.

iskreni-ispovedi-od-nastavnici-raboti-koi-sakame-da-im-gi-kazheme-na-roditelite-na-uchenicite-03_copy.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
9 знаци дека имате токсични родители + како да го намалите негативното влијание од нив Родителите ви љубоморат, а кога разговарате, зборуваат само за себе. Кои се друг...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Знаци дека сте растеле во дисфункционално семејство (и не сте биле свесни за тоа) Родителите ве казнувале со молчење и ве притискале да бидете совршени. Родите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg