21 реченица во која секој од нас ќе ја препознае својата мајка
Сте помислиле ли некогаш зошто зборот „мама“ е првиот збор кој децата го изговараат? Мајката е личноста со која децата се поврзани на еден посебен начин.
Мајките се тие кои се тука за нас кога сме среќни, кога сме тажни, болни или здрави...
Мајките се нешто посебно, ангели-чувари на своите деца, за кои не постојат невозможни мисии или задачи кои не може да се исполнат.
Ова се работите во кои секој од нас ќе ја препознае својата мајка:
1. Воспитани сте да ги почитувате останатите и воопшто не помислувате да бидете злобни кон некого. Тоа е влијание од мајката.
2. Се сеќавате дека многу се смеевте како дете – и често се сеќавате на моменти од детството.
3. Ви била дадена самостојност за донесување одлуки како што сте растеле и сега сте целосно изградена возрасна личност.
4. Таа знае да ве насмее и ја има најдобрата смисла за хумор.
5. Отсекогаш сте ги знаеле границите – дури и ден денес.
6. Секогаш сте се чувствувале сигурно и без разлика колку години имате и колку далеку живеете од дома, таа е личноста која прави да се чувствувате најсигурно.
7. Знаете дека таа е тука за вас без разлика дали е ден или ноќ и воопшто не размислувате двапати дали да ѝ се обратите за помош.
8. Таа е секогаш искрена со вас.
9. Таа знае да признае дека некогаш не е во право и да ви каже дека учи од вас исто онолку колку што вие учите од неа.
10. Телефонскиот разговор со неа може да трае со часови и часови и секогаш да имате за што да зборувате.
11. Знаете дека секогаш имате дом, без разлика што ќе се случи и каде ќе ве одведе животот.
12. Одвај чекате да ја видите.
13. Од неа научивте работи на кои никој друг не би можел да ве научи.
14. Таа е дел од вашите најубави спомени.
15. Често се фаќате себеси како ги цитирате нејзините совети – кои и вие ќе им ги пренесете на вашите деца.
16. Сонувате да бидете барем половина од тоа каков родител била таа за вас.
17. Таа секогаш наоѓа начин да ви покаже колку е горна на вас.
18. Таа секогаш ќе ве штити и ќе биде на ваша страна кога работите ќе станат сериозни. Таа ќе жртвува сè што има само за да ве спаси.
19. Таа е личноста со која најмногу сте се карале – токму заради тоа што најмногу ве сака – но и личноста на која можете да и простите и да ви прости сè токму заради таа љубов.
20. Само една нејзина прегратка е доволна да заборавите на сите грижи, макар тоа траело само еден миг.
21.Таа е вашата најдобра пријателка засекогаш.
М. С. | Црнобело