„Прости ми што ти се лутам кога се будиш, а мене ми се спие“ - Мајка со емотивна порака до детето
„Прости ми што понекогаш сум среќна што некој друг се грижи за тебе. Прости ми кога ќе се налутам затоа што ти се будиш, а јас сакам да спијам подолго“.
Прости ми што се жалам кога сум уморна.
Прости ми што сакам да заспиеш за да можам да се одморам.
Прости ми што чувствувам олеснување кога имам слободно време.
Прости ми што се лутам кога нема да ми дозволиш да направам ништо, само затоа што сакаш да бидеш со мене.
Прости ми што понекогаш не се чувствувам добро.
Прости ми што понекогаш сум среќна што некој друг се грижи за тебе.
Прости ми кога ќе се налутам затоа што ти се будиш, а јас сакам да спијам подолго.
Прости ми за ноќите кога плачам затоа што се чувствувам како да не давам сè од себе.
Ти ветувам повторно и повторно дека ќе давам сè од себе секој ден за да ти бидам најдобрата мајка.
Никој не те сака повеќе од мене.
Мојата цел секогаш ќе биде да те заштитам, да се грижам за тебе, да дадам сè од себе за да пораснеш со вистински вредности и да бидеш добра личност.
Прости ми што не сум совршена, прости ми за сите овие и многу други работи.
Мама те сака, секогаш ќе те сака и би го дала својот живот за тебе.