По советот од еден професор: Како да воспитате креативно и позитивно дете?
Доколку сакате вашите деца да бидат креативни и позитивни личности не би требало да им ги наметнувате вашите ставови и да им зборувате како треба да размислуваат, морате да ги пуштите да размислуваат со своја глава и сами да одлучуваат.
Иако сето тоа звучи прилично логично, еден американски професор и писател, одлучил да истакне совети кои треба да ги научат родителите.
Адам Грант, професор по Менаџмент на Универзитеот во Пенсилванија и авторот на книгата „Originals“ одлучил да сподели неколку научно докажани совети кои треба да ги запаметите, кои и самиот ги користи за неговите деца да станат „личности кои слепо не ја следат масата“.
1. Пофалете го вашето дете
Кога ќерката на професорот ќе наслика некој цртеж или ќе направи нешто убаво, наместо да ѝ каже: „Тоа е навистина прекрасен цртеж“, тој ѝ вели: „Ти си навистина креативно девојче“. Токму тоа ѝ помага да ја развие свеста за својата креативност, како и за тоа дека нејзините идеи се правилни, добри и уникатни.
„Често, прво нешто што ќе ни падне на памет е да го пофалиме она што нашето дете го направило, а всушност треба да го научиме дека тој труд доаѓа од него, за никогаш да не ја загуби својата креативност“ - вели Грант.
2. Не поставувајте низа правила
Грант се потпира на едно истражување направено на Универзитетот во Бостон кое покажало дека родителите чии деца биле помалку креативни имале во просек 6 домашни правила, како оние кои се однесуваат на пишувањето домашни или времето кога треба да си легнат во кревет.
Истакнува дека децата би требало да ги поттикнувате сами да ги решаваат проблемите, да научат да се прашуваат себеси: „Како треба да постапам со овој проблем“. Наместо да се придржуваат до правилата ќе научат креативно да ги решаваат проблемите со кои се соочуваат.
3. Разговарајте за тоа што го работат во моментот
Во едно од најголемите истражувања кои се поврзани со конформизмот, откриено е дека децата чии родители разговарале со нив и им ги објаснувале последиците на тоа што го прават во моментот, поретко се воделе од масата и размислувале на свој начин.
Н. Г. | Црнобело