Фејсбук статус на благодарен татко: „Почитувај ја мајката, се откажала од сè за да го чува твоето дете“
Еден новопечен татко со Фејсбук објава и фотографија решил да и оддаде почит на својата сопруга која седи дома и не работи за да се грижи за нивното бебе.
Еден ден се вратил дома од работа и ја затекнал својата сопруга како спие цврсто заедно со нивното бебе и решил да остави важна порака до сите мажи - татковци, за жените кои остануваат дома за да се грижат за најмалиот член во семејството.
Тој побарал од сите мажи да сфатат колку навистина е тешко за мајките кои мораат да останат дома за да се грижат за децата.
I sometimes don't give this woman the credit she is due, when I come from work she is always "tired" now it's me who has...
Posted by Tony Emms on Wednesday, January 27, 2016
„На оваа жена понекогаш не и го давам признанието кое го заслужува, кога се враќам од работа таа е секогаш преморена, а јас цел ден сум го поминал зафатен. Но, во последно време размислувам за тоа што оваа неверојатна жена прави, додека јас сум излезен... Седи по цел ден со бебето, гледа телевизија и одмара? Одговорот е НЕ.
Кога заминувам за работа, таа веднаш станува и се подготвува за напорниот ден кој ја очекува... значи, станува, а бебето веќе плаче бидејќи е гладно, исто како што и таа е гладна.
Не јаде, за да јаде бебето... Потоа си игра со него, па ја менува валканата пелена, повторно си играат, а бебето на крај заспива... Брилијантната мајка може да дремне, но наместо тоа, таа пере облека, ги чисти играчките на бебето и ги мие садовите од минатата вечер...
Бебето станува, гладната мајка сè уште не појадувала, а веќе го подготвува ручекот на бебето, а по ручекот бебето сака внимание и игра... Запомнете - мама сè уште не јадела... Сето чистење од претходно било залудно, бидејќи сите играчки повторно се на земја.
Јас се враќам од работа и се разлутувам зошто јас треба да раскревам и зошто мајката не ја завршила својата работа, а таа цел ден го поминала во грижа бебето да биде среќно и здраво...
Ако некој друг татко се чувствува како јас, размислете за тоа што вие сте направиле, а што мајката.
Почитувајте ја мајката на вашето дете. Таа е посебен човек кој се откажал од сè за да го чува твоето бебе.
Навистина ги сакам моите 2 заспани бебиња и двете заслужуваат да се одморат.“
Posted by Tony Emms on Thursday, December 31, 2015
Н. Г. | Црнобело