Детето нахрани го, воспитај го и пушти го...

Кој вели дека децата порано не биле сакани? Биле сакани ѝ тоа како, но во центарот на семејството тогаш не биле децата.

deteto-nahrani-go-vospitaj-go-i-pushti-go-01.jpg

Децата биле сакани, но уште од своите први чекори биле учени дека се само еден мал дел од огромниот универзум кој се вика „семејство“. Биле учени дека постојат постари кои треба да се почитуваат, а постојат и помлади за кои другите се грижат.

Денес пазарот сервира модел на семејство во чии центар се наоѓа детето. Очигледно губитничка стратегија која постои само за да се земат повеќе пари од семејствата. Пазарот не сака семејството да постои како една целина, бидејќи членовите така си се доволни сами на себе.

Од таа гледна точка идеален татко не е оној татко кој слободното време го поминува со своето дете, го шета во парк или го учи како да вози велосипед... Идеален татко е оној кој нема слободно време, кој постојано работи за двочасовна посета на аквапарк.

На еден начин, зборот „сакање“ може да се замени со било кој друг, како: „игнорирање“, „рамнодушност“... Таа љубов е еден облик на егоизам.

Незаинтересирана мајка, татко работохолик - сè се сведува на ништо друго освен нагони.

Една прекрасна индиска поговорка вели: „Детето е гостин во твојот дом: нахрани го, воспитај го, пушти го“.

Да го нахрани - може секој, да го воспита - малку потешко, но да го пушти? Да можете да пуштате дел од себе уште од првите моменти на детето, е тоа е вистинска љубов.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца Перница во бебешкото креветче и играчки со магнети – некои предмети можат да пре...
Искрени исповеди од наставници: „Работи кои сакаме да им ги кажеме на родителите, а не смееме“ „Вашето дете се однесува лошо затоа што првпат се сретнува со граници. Не сум ло...
„Двапати донирав орган за мајка ми - тоа е мала цена за да ја видам здрава и среќна“ „Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше п...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
14 фрази што секој родител ги употребува, а не треба (оставаат психолошки трауми врз децата) Децата што се мета на постојано додевање и контролирање од родителите може да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg