Супер татко - собата на својата ќерка ја претворил како сцена од цртан (фото)
Секое мало девојче посакува малку магија и бајковиден изглед на нејзината соба, а овој супер татко решил да ги исполни соништата на својата ќерка.
Radamshome е уметник во полето на видео игри и татко кој решил да потроши цели 350 часа, над 18 месеци и 3.935 евра за да направи „магично“ дрво во собата на неговата ќерка.
„Мојата ќерка сакаше дрво како од бајките во нејзината соба, за да може да седи внатре во него и да чита книги, па решив да ѝ ја исполнам желбата“ – вели тој.
Научил како да заварува за да може да ја направи цврста структурата на дрвото. По 110 часа работа, основата на дрвото била готова.
Потоа преминал со преуредување на целата соба. Додал вештачки гранки, листови и сијалички на кровот од собата. Ѕидовите ги обоил во бои кои се прелеваат и малку го украсил креветот.
Н. Г. | Црнобело