Зошто ви плаче бебето? Постои апликација која може да ви одговори на ова прашање
Најголемиот проблем со кој се соочуваат родителите, посебно со првото дете, е како да научат да го разликуваат плачот на бебето – Му се спие? Јаде? Има грчеви?
Токму затоа, група на тајвански истражувачи решиле да развијат апликација која може да го декодира типот на плач на вашето дете и да ви каже што значи, односно да ви каже зошто вашето бебе плаче.
„The Infant Cries Translator“ го споредува плачот на вашето бебе со база на 200.000 собрани звуци и разликува четири видови на плач: глад, поспаност, болка, мокри пелени.
„Според досегашните коментари од корисниците, апликацијата има 92% прецизност на бебиња кои се помали до две недели, за оние кои се постари од 2 месеци изнесува 84%, а над 4 месеци прецизноста изнесува 77%“ – велат истражувачите.
Колку е постаро бебето, толку е помала прецизноста, но во секој случај може да им помогне на родителите да разберат што сака бебето.
A potentially groundbreaking new app tells you why your baby is crying.
Би можело да ве интересира:





