Мојот херој не носи наметка

Во животот сите веруваме во постапките на нашите херои, обземени сме од нивните моќи и начинот на кој тие се справуваат со животот. Тие се наша вечна инспирација за сè она што правиме, веруваме непрестајно сакајќи еден ден и ние да бидеме барем дел од она што се тие.

mojot-heroj-ne-nosi-nametka-01

Многупати многумина ме запрашале за херои со специјални способности, чудни облеки, сакајќи да дознаат кој е мојот омилен херој од детството. Паметам често ќе се збунев на ова прашање, обидувајќи се безуспешно да најдам одговор во сите тие ликови.

Долго траеше моето колебање, сè додека не ги отворив очите и не погледнав наоколу. Тогаш забележав дека има едно посебно место каде што одат сите мои солзи, еден столб на кој се темели цела моја градба, еден глас кој е потребен за да знам дека некој ми го чува грбот. Тој ден научив дека сите совети и искрени зборови, сите мотивациони пораки во мојот живот потекнуваат од еден извор. Севишната сила кој ме движи низ животот има само едно и единствено име, дотогаш за мене достапно, а сепак непознато.

Одговорот кој ми се криеше цело време пред очи ме натера да размислам за мојот херој кој не носи наметка, за жената која знае да ја издржи секоја болка, да ја преброди секоја криза, да ме спаси од лоши мисли и да ме направи човек во секоја смисла на зборот. Жената чии непреспани ноќи се неизбројливи, жената која би жртвувала се за мојата среќа. И не само мојата, туку секоја мајка наоколу во светот, тогаш ми стана јасно дека било многу едноставно но требало да ја почувствуваш отсутноста на кратко на таа мајчинска прегратка за да станеш свесен кој е твојот херој.

Мразев кога мораше да покажам слабост, но дента кога со колегите раскажувавме кои се нашите херои од детството, мене ми дојдоа солзи на очите и колку и да се противев една по една капеа по моето лице. Посакав да бидам блиску до мајка ми за да и кажам дека не сум слушнал за поиздржливо суштество. Дека нема поспецијална моќ од нејзиниот допир и мајчинската желба за добро сонче. Посакав да потрчам и да преминам километри само за да се почувствувам одново безбеден. Да побарам утеха во нејзините зборови и да ги исцели моите рани со една насмевка.

Додека раскажував забележав дека не само моите очи се насолзени, тоа беше како оној момент кога Архимед извикал Еурека. Како собата да се исполни со енергија, со топлина, се замаглија стаклата на прозорите, како нашата неизмерна љубов кон нашите мајки да го истера сето зло, како да ја одзеде целата тага.

Тој ден сите споделивме по една убава мисла за жените кои неуморно се борат да го исчистат трнливиот пат на своите деца, корнејќи ги трњата со голи раце. Тој ден беше посветен на силата и моќта на една жена, моќ каква што нема ниту еден херој од стриповите. Специјалност на суштеството од планетата земја наречено мајка, кое нагонски расте во секоја жена која го држела своето чедо во рацете.

После тој магичен разговор сите ги грабнавме телефоните и завртевме еден број, кој можеби го вртиме секојдневно, за сенешто, но овој пат за нешто сосем различно. Гласот од другата страна беше сосема збунет кога слушна  едно искрено „Ти благодарам што постоиш“ и низ насмевка ми раскажа дека јас сум причината што таа постои.

И колку и да и делев епитети и заслуги, мајка ми ја задржуваше својата скромност, покажувајќи дека е вистински херој, но без обележје или специјална облека, само една специјална моќ која секое дете порано или подоцна ќе ја препознае. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg