Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто одлучив да не бидам попустлива мајка?

Пред некој ден додека пазарев во еден трговски центар заедно со мојата ќеркичка, ми се приближи една средовечна госпоѓа и ми рече дека не е хумано што мојата ќерка веќе дваесет минути плаче и дека треба да ја смирам.

zoshto-odluchiv-da-ne-bidam-popustliva-majka-01.jpg

Љубезно и кажав дека посакува играчка која за да и ја купам би морала да влезам во минус на мојата сметка. Таа ми рече - па немате вие сто деца, купете и ја!

Не, нема да и ја купам! Не поради тоа да ви одам контра, не ве ни познавам. Но, ќе ве замолам да престанете да ги советувате младите мајки што треба да направат.

Нема да и ја купам играчката затоа што одбивам да бидам попустлив родител. Не сакам моите деца да добијат илузија дека со плачење можат да добијат се што ќе посакаат.

Нека поплачат. Ќе им помине. Па, и јас плачам понекогаш и тоа за многу поголеми работи.

Нема да и ја купам играчката затоа што дома веќе има две такви слични, една од тетка и, друга од баба и.

Нема да и ја купам играчката затоа што индустријата за играчки функционира одлично и не и се потребни моите 2.000 денари со кои јас ќе го прехранам семејството за една недела.

Нема да бидам попустлив родител.

Ќе имам став. Ќе им покажам на децата дека не може да имаат се што ќе посакаат. Посебно, ако тоа е сосема излишно и непотребно.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини за да го поттикнете логичното размислување кај вашите деца Не „сервирајте“ им го секогаш решението на вашите деца. Дозволете им да „нурнат“...
„Една недела пред свадбата со сопругот се договоривме разводот секогаш да ни биде опција“ „Пред многу години се согласивме дека никогаш не сакаме да се чувствуваме заробе...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
Кул детски фризури за девојчиња кои ќе ги обожаваат во лето Kога се во прашање помали девојчиња, може да им направите едноставни фризури со ...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg