Педијатар ја открил тајната со која за секунда ќе го смирите бебето кое плаче (видео)
Уште од првиот ден од раѓањето на бебето главна задача на родителот е да го смири бебето кое нервозно плаче.
Ако сте тазе родители или планирате да станете во скоро време, тајната на овој педијатар може да ви го олесни животот.
Тој тврди дека открил метода која е едноставна, може да ја изведе секој родител за 1 секунда, а за исто толку време ќе го смири нервозниот детски плач.
Хамилтон е педијатар повеќе од 30 години и очигледно си е одличен во работата, со оглед на тоа колкаво олеснување им нуди на родителите.
Прва работа која треба да ја направите кога ќе се соочите со детското плачење е да ги поставите рачињата на бебето на градите и да ги префатите со вашата дланка.
Потоа со другата рака да го фатите меѓу нозете и да го потпрете под агол од 45 степени.
Видеото ќе ви објасни сè подобро: