„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“
„Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека, плаќавме од дете. Но, на крај дојдоа само најдобрата пријателка на ќерка ми и нејзината сестра“, вели млада мајка од Австралија која организирала роденденска забава за вториот роденден на ќерка ѝ.
Секое дете му се радува на својот роденден. Ова е денот кога се чувствува посебно, а покрај тоа овде се прославата со другарчињата и многуте подароци.
Но, за жал, некогаш и дечињата остануваат разочарани на нивните родендени, неретко и по вина на возрасните.
Мајка од Австралија го сподели лошото искуство за вториот роденден на нејзината ќерка на чија прослава дошле само две дечиња.
23-годишната Бре организирала прослава во игротека и поканила неколку другарчиња на ќерка ѝ. Од нив, родителите на десет потврдиле дека ќе дојдат, за на крај да се појават само две деца.
Мајката ја сподели приказната во ТикТок видео, а вели дека добила одговор од само еден родител кога почнала да ги контактира.
„Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека, плаќавме од дете. Но, на крај дојдоа само најдобрата пријателка на ќерка ми од градинка и сестра ѝ.
Еден од нив ми врати на пораката пет часа подоцна и ми рече ’Извини, дремев‘. Родители, ве молам бидете подобри и ако не можете да ги донесете децата, подобро кажете“.
Сепак, Бре вели дека ќерка ѝ имала убав роденден и си играла со двете гостинки.
„Славеничката не дозволи ова да ѝ го уништи денот. Фала Богу што е на возраст каде што не забележува вакви работи…
Многу сме благодарни на оние кои дојдоа и благодарни сме што ќерка ни беше опкружена со искрена љубов на нејзиниот посебен ден“.
Бре вели дека не сакала да шири негативност со приказната, но сметала дека треба да се сподели.
„Одлучив да го споделам ова бидејќи сигурно има повеќе родители кои го поминале ова.
Всушност, за мене е кошмар што се случи ова бидејќи имам гледано видеа каде што луѓе кажуваат дека никој не дошол на роденденот и тоа е многу тажно. И, ова е нешто што не никој би го посакал на своето дете или кој било од семејството“.
@missbreparker Wouldnt wish this on anyone but to all the parents that go through this, all that matters is that your child had fun and that you did your part 👏🏼 #birthday #fyp #parenttok #blowthisup #encanto #encantodisney #disney #playdateskarrinyup
-->♬ Calm background music with acoustic guitar and saxophone(1288148) - ame
Во коментари, корисниците ѝ даваат поддршка на мајката.
„Искрено, време е овие возрасни да пораснат. Зошто да кажеш дека ќе дојдеш и потоа да не се појавиш? Жал ми е што се случило ова“.
„Жал ми е, но ќерка ти е прекрасна! Не грижи се – кога ќе се присети на роденденот, ќе помисли на нејзината убава мајка и трудот што го вложила“.
Дали вам ви се случило нешто слично?
Спирова С. | Црнобело