5 елементи на грижливиот и успешен татко

Колку и да не сте „фамилијарен тип“, татковството е животна улога која секој маж сака и треба да ја има.

5-elementi-na-grizliviot-i-uspesen-tatko-01.jpg

Во ниту еден случај не е подобро да останете подоцна во канцеларија, затоа што додека вие работите, некој друг треба да го учи вашето дете да шутира топка, да научи ново хоби и да верува во себе.

За подоцна да не се каете, пробајте да бидете грижлив и успешен татко со помош на овие 5 „состојки“:

1. Започнете уште од рано

Уживајте во бременоста и не се плашете да разговарате за неа со идната мајка. Бидете присутни. Вклучете се во развивањето на бебето уште од самиот почеток. Тоа е клучниот момент од кој ќе имате изграден однос со детето.

Негата на бебето нека ви ги промени животните приоритети, тука нема ништо страшно. Не се задоволувајте со она „остави, јас можам“. Бидете упорни, барајте поддршка и совети. Бидете горди на своите вештини.


2. Создајте повеќе време

Тоа е можеби главната и основна работа. Ако работите по 20 часа дневно, очекувајте дека децата и нивното растење ќе има последици.

Не бидете лакоми по пари, туку по времето поминато со вашите деца. И ако мислите дека тоа нема да ве направи побогати, за разлика од напредувањето на работа - правите огромна грешка.

5-elementi-na-grizliviot-i-uspesen-tatko-02.jpg

3. Изразете емоции

Гушкањето, држењето во раце и скокоткањето треба да траат што подолго. Не заборавајте и на нежните работи како седење во скут, пеење или тивко раскажување на приказни.

Кажувајте им на децата колку се неверојатни, убави, креативни и интелигентни. Ако од вашите родители не сте го добивале тоа, време е да ја промените навиката.


4. Развеселете се

Уживајте со своите деца. Не дозволувајте да почувствуваат дека тоа го правите од што морате или така треба. Експериментирајте за да откриете кои активности ве прават и вас и нив најсреќни.

Избегнувајте го претераното форсирање и натпреварување до мерка која не е забавно.

И најважно од сè, учете ги децата за она во што сте експерти. Пренесете им ја својата насмевка, страстите и хобијата кои ги негувате. Никогаш не знаете што ќе им се допадне.


5. Но, бидете и сериозни

Некои татковци денес очекуваат дека тие треба да се оние кои размазуваат, додека мајките би требало да се оние строгите. Не ги препуштајте тешките одлуки на партнерката. Вклучете се и вие, прегледувајте ги домашните задачи и раскренете ја собата.

Развијте ја дисциплината во секој поглед. Инсистирајте на почит.

Не бидете само уште едно дете во семејството. Бидете потпора и синоним за маж и татко.

Би можело да ве интересира:

Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
„Сопругот побара старателство за кучето, а децата ми ги остави мене“: Неверојатни приказни за развод... „Со поранешниот сопруг 3 пати се мажев и 3 пати се разведувавме. Прво тој ме изн...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Идеи од македонските инфлуенсерки за забавни фотки со децата Од позирање во аутфити во тон до спонтани насмевки кои зрачат, дел од најубавите...
Што да направите ако друг возрасен (јавно) го критикува и навредува вашето дете? Покажете дека сте присутни, но потрудете се да не влегувате веднаш во расправија...
Босански психолог: „Денешните родители ретко наоѓаат време за децата, па ги обвинуваат наставниците ... „Воспитувањето бара време, бара труд и бара работа, првенствено врз себе, а дури...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg