Учете ги вашите деца за парите и штедењето

Постепеното запознавање на децата со суштината и вредноста на парите е важен дел од растењето, затоа што така тие сфаќаат дека не можат секогаш да добијат сè што ќе посакаат, го учат процесот на штедење, па дури и започнуваат да учат како да прават разумна инвестиција.

uchete-gi-vashite-deca-za-parite-i-shtedenjeto-01.jpg

Никогаш не е премногу рано да започнете да го запознавате вашето дете со парите. Експертите сметаат дека првите лекции треба да започнат уште на 3-годишна возраст, кога детето ќе започне да им обрнува внимание на парите.

Сепак, лесно е да се каже, тешко е да се направи.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да му ја претставите вистинската вредност на парите на вашето дете и да го научите да штеди и да ги троши разумно:

- Научете го да брои монети. Прво запознајте го со монетите. Кога вашето дете ќе научи да брои, дајте му монети од 1 денар.

- Објаснете му ја вредноста на различните монети. Кога сметате дека вашето дете е подготвено, дајте му различни монети од 1, 2 и 5 денари. Така визуелно според големината на монетите полесно ќе му биде да научи дека монетата од 2 денари вреди повеќе од монетата од 1 денар, а помалку од монетата од 5 денари.

 - Објаснете му од каде доаѓаат парите. Нормално е децата да мислат дека парите доаѓаат од нивната мајка и татко и дека секогаш кога требаат пари, има доволно во паричниците на родителите. Некаде на 5-годишна возраст децата се подготвени да слушнат и можат да разберат од каде навистина доаѓаат парите и дека не се неограничени. Тогаш е потребно да му објасните на вашето дете дека парите се стекнуваат со труд и работа и дека со нив може да се купува само она што е неопходно, а некои задоволства може да си ги пружите само ако штедите.

- Покажете му дека има разлика помеѓу потребите и желбите. Многу често децата кога ќе видат нешто интересно во продавница, веднаш посакуваат да го имаат, па прават сè што можат за да го добијат, а често започнуваат и да плачат. За да избегнете таков мал скандал во јавност, потребно е да го научите вашето дете дека има разлика помеѓу неговите желби и реалните потреби. Објаснете му дека постојат некои работи кои се неопходни за живот и кои задолжително се купуваат и такви кои се еден вид луксуз. Треба да му стане јасно дека не може да има секогаш сè што ќе посака.

- Кога веќе детето ќе започне да оди на училиште, доволно е големо за да започне да учи да штеди пари.

- Давајте му неделен џепарлак. Така ќе го научите детето дека треба да биде поодговорно за своите пари и дека треба да му служат одреден период. Ако случајно ги потроши сите на бонбони, не му давајте нови додека не помине договорениот период од една недела.

Наградувајте го за штедењето, исто како што вие добивате камата. На крајот на месецот за секои заштедени 10 денари, давајте му дополнителни 2-3 од вас. Така ќе го стимулирате да штеди повеќе.

Колку и да сте финансиски стабилни, ако му купувате на вашето дете сè што ќе посака, правите голема грешка.

Во таков случај ќе добиете до себе разгалено дете кое како што расте ќе биде уште попребирливо и никогаш нема да може да научи да штеди или да ги цени парите.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не си верувате себеси, бегате од одговорност – Знаци дека родителите премногу ве штителе во детствот... Ако мразите да бидете во центарот на вниманието, ако секогаш дозволувате другите...
Психолошки трикови што може да ви ја спасат врската или бракот (низ илустрации) Не го обвинувајте партнерот и не избрзувајте со заклучоци. Кога се расправате, р...
Кул идеи за изработки што може да ги правите со децата, инспирирани од природата Природа, заедничко време, креативност … ваквите активности вашите деца ќе ги пам...
„Привилегија е да ја видиш ќерка ти ‘склупчена’ на столче, додека ја слуша баба ѝ како ѝ чита приказ... Привилегија е да си ги гледаш родителите како создаваат спомени со твоите деца и...
10 популарни Монтесори игри кои може да ги направите сами Наместо да му понудите на детето десетици игри кои свират од сите страни и брзо ...
Вежби за деца што го активираат мозокот – ги подобруваат координацијата и концентрацијата Користењето на недоминантната рака за секојдневни активности, како миење заби, ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg