Вежби за деца што го активираат мозокот – ги подобруваат координацијата и концентрацијата

Користењето на недоминантната рака за секојдневни активности, како миење заби, ја подобрува концентрацијата.

vezhbi-za-deca-shto-go-aktiviraat-mozokot-gi-podobruvaat-koordinacijata-i-koncentracijata-01.jpg

Како што постојат вежби за телото, постојат и вежби кои го активираат мозокот.

Обично ова се движења кои бараат поголема концентрација и координација, па со текот на времето ги подобруваат овие аспекти.

А, кај децата во развој можат да имаат голем ефект.

Шест вакви вежби што можете да ги правите со децата:

Прва вежба

Вежбата вклучува правење секојдневни работи, како пишување, јадење и миење заби, со недоминантната рака.

На овој начин можат да се подобрат вниманието и концентрацијата.

vezhbi-za-deca-shto-go-aktiviraat-mozokot-gi-podobruvaat-koordinacijata-i-koncentracijata-02.JPG

Втора вежба

Пуштете му ја омилената песна нa детето и нека лази следејќи го нејзиниот ритам.

Со оваа вежба се подобрува координацијата на рацете и нозете, како и координацијата со визуелните и аудиторните дразби.

vezhbi-za-deca-shto-go-aktiviraat-mozokot-gi-podobruvaat-koordinacijata-i-koncentracijata-03.JPG

Трета вежба

Детето нека легне на подот со една свиткана и една крената нога.

Со крената нога, во воздухот нека „црта“ форми како бројот осум.

Нека ја повтори вежбата по неколкупати со едната, па со другата нога.

Оваа вежба ги подобрува фокусот, рамнотежата и координацијата.

vezhbi-za-deca-shto-go-aktiviraat-mozokot-gi-podobruvaat-koordinacijata-i-koncentracijata-04.JPG

Четврта вежба

Покажете му ја илустрацијата подолу на детето – треба наглас да ги кажува имињата на формите, а не да ја чита формата напишана во нив.

На почетокот веројатно ќе му биде предизвик, но со текот на времето ќе се подобри.

vezhbi-za-deca-shto-go-aktiviraat-mozokot-gi-podobruvaat-koordinacijata-i-koncentracijata-05.jpg

Петта вежба

На лист хартија, кажете му на детето да напише десет збора. Нека ги пишува истовремено со двете раце.

Слично како претходната, и оваа вежба е одличен тренинг за мозокот бидејќи ги активира двете хемисфери.

vezhbi-za-deca-shto-go-aktiviraat-mozokot-gi-podobruvaat-koordinacijata-i-koncentracijata-6.jpg

Шеста вежба

Оваа вежба ги подобрува моторичките вештини, но и концентрацијата.

Детето дека направи тупаница со двете раце и нега ги држи во висина на главата.

На левата рака нека го крене најмалиот прст, а на десната нека го крене палецот – како на илустрацијата подолу.

Нека изброи до три, па нека ги промени прстите – палецот на левата рака и најмалиот на десната.

Нека направи барем пет повторувања.

vezhbi-za-deca-shto-go-aktiviraat-mozokot-gi-podobruvaat-koordinacijata-i-koncentracijata-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg