Не си верувате себеси, бегате од одговорност – Знаци дека родителите премногу ве штителе во детството
Ако мразите да бидете во центарот на вниманието, ако секогаш дозволувате другите да ве водат или ако дозволувате некој да ви ги организира работните задачи, тогаш најверојатно вашите родители ве штителе од светот и не ви дале доволно независност.
Не сме способни да ги избераме своите родители или да одлучуваме за нивниот начин на воспитување.
Секој родител го сака своето дете и се труди да му го овозможи најдоброто, но, понекогаш она „презаштитничко“ однесување може да доведе до низа проблеми кога децата ќе пораснат и ќе бидат возрасни.
По што се одликуваат личностите кои пораснале со премногу заштитнички родители?
Не веруваат дека се способни да донесат правилни одлуки
Презаштитничките и строги родители поставуваат рутини кои мора да се следат, а на долг рок таа навика може да биде негативна.
Всушност, овие деца израснуваат во личности коишто немаат способност самите да носат одлуки.
Така, ним им треба совет при избирање облека, се консултираат со сите кога треба да донесат некоја голема животна одлука и најчесто го прават она што другите мислат дека е добро, а не самите тие.
Имено, ваквите личности од мали се навикнати на фактот дека другите се задолжени за нивниот живот, па понатаму се чувствуваат несигурни и збунети кога треба да ја преземат одговорноста за себе.
Бегаат од одговорности или лидерски улоги
Оние кои пораснале со презаштитнички родители, генерално се противат на било каков вид носење одговорност, а тоа е така затоа што се навикнати другите да одлучуваат за нив.
Ако мразите да бидете во центарот на вниманието, ако секогаш дозволувате другите да ве водат или ако дозволувате некој да ви ги организира работните задачи, тогаш најверојатно вашите родители ве штителе од светот и не ви дале доволно независност.
Се трудат да им угодат на сите
Кога родителите поставуваат конкретни правила кои треба да се следат, тие имаат одредени очекувања кои треба да се исполнат.
Така, додека растат, децата учат дека треба да исполнуваат нечии очекувања затоа што со тоа другите ќе бидат среќни и ќе имаат помалку конфликти.
Премногу се грижат за туѓото мислење
Децата кои растат со премногу заштитнички родители, мислат дека единствениот начин да напредуваат во животот е да се осигурат дека сите имаат високо мислење за нив.
Така, како возрасни личности, тие се трудат да им угодат на сите и сакаат сите да се согласуваат со нив.
Тие се перфекционисти
Децата кои растат со премногу заштитнички родители, стануваат перфекционисти, затоа што постојано се трудат да им угодат на родителите и да станат „најдобри“.
Но, сето тоа може да ги спречи да ги следат своите соништа и дури и да им ја намалат самодовербата.
За сè размислуваат прекумерно
Според психологијата, презаштитнички настроеното родителство е поврзано со повисока стапка на анксиозност кај децата.
Всушност, овие родители честопати не ја поттикнуваат независноста на нивните деца, па децата завршуваат постојано вознемирени и загрижени.
Тогаш ваквите деца претерано размислуваат за сè, не си веруваат себеси и имаат страв дека нема да исполнат нечии очекувања.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com