Најопасните предмети во детска соба, според доктори од брза помош

Секоја година има илјадници случаи на деца кои се повредиле од греалки – некогаш бидејќи ги допреле, некогаш бидејќи ги покриле и предизвикале пожар…

najopasnite-predmeti-vo-detska-soba-spored-doktori-od-brza-pomosh-03_copy_copy.jpg

Оние кои работат во брза помош, најдобро знаат кои се најчестите повреди со кои се соочуваат луѓето, вклучувајќи ги и децата.

Според нив, повредите кај децата стануваат почести штом тие научат да одат.

Затоа, важно е родителите да ја направат детската соба што е можно побезбедна.

За Huffington Post, неколку доктори споделуваат кој се најопасните работи во детската соба:

Неприцврстени полици и шкафови

Една од најстрашните и најсериозните повреди со кои можат да се соочат децата е врз нив да падне полица или шкаф

На возраст кога сакаат да истражуваат, децата неретко пробуваат да се качуваат по мебелот, особено кога родителите не ги гледаат.

Затоа, добро прицврстете ги овие елементи во детската соба.

najopasnite-predmeti-vo-detska-soba-spored-doktori-od-brza-pomosh-02.jpg

Кабли, јажиња и слично што претставуваат ризик од давење

Докторка од САД вели дека не се така ретки случаите кога дечиња се заплеткале во јажето за ролетните.

Затоа, најдобро е да ги закачувате надвор од дофат на децата.

Друг чест проблем можат да бидат и долгите кабли, особено ако се среде собата.

Ако мора да има долг кабел во собата, прицврстете го покрај ѕидот и осигурете се дека нема опасност детето да се сопне од него.

najopasnite-predmeti-vo-detska-soba-spored-doktori-od-brza-pomosh-03_copy_copy.jpg

Кревети на кат

Иако заштедуваат простор, креветите на кат можат да бидат опасни за мали деца.

Децата сакаат да се качуваат, но и да скокаат на креветот, па ризикот да паднат и сериозно да се повредат е огромен.

najopasnite-predmeti-vo-detska-soba-spored-doktori-od-brza-pomosh-04_copy.jpg

Греалки

Секоја година има десетици илјади случаи ширум светот каде што деца се повредиле од греалки.

Некогаш тие може да ја допрат греалка и да се изгорат. Некогаш и може да ја покријат со нешто, па да предизвикаат пожар.

За греење во детската соба идеално би било да ставите клима.

Ако не сте во можност, никако не го оставајте детето само со вклучена греалка.

najopasnite-predmeti-vo-detska-soba-spored-doktori-od-brza-pomosh-05_copy.jpg

Подни ламби

Кога децата трчаат низ собата, многу е лесно да ја бутнат подната ламба и да се повредат.

Ако сакате дополнително светло, подобра алтернатива се ѕидните ламби или ламбите кои се прицврстуваат за биро.

najopasnite-predmeti-vo-detska-soba-spored-doktori-od-brza-pomosh-06_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg