Зборувајте му правилно на детето за тоа правилно да научи да зборува
Детето го спознава надворешниот свет преку личното искуство.
Со постојана стимулација на говорниот центар во мозокот се развива говорот.
Говорот е основно средство за комуникација меѓу луѓето, а детето го учи со запознавање на светот околу себе.
Родителот треба да го научи своето дете на основните работи кои ќе му бидат потребни во животот, а една од нив е и говорот. Грешка што родителите ја прават при учењето на детето како да зборува е „разлигавувањето“. Извртувањето на зборовите и нивното скратување не е добро за вашето дете туку, спротивно го учи детето на неправилен говор.
Родителот сака да му покаже љубов на своето дете, но ако тоа го прави така што неправилно ќе му зборува на детето, тогаш многу греши. Покажете му ја својата љубов на детето преку гушкање, милување, бакнување, но не и со неправилен говор.
За да научи вашето дете правилно да зборува, треба вас да ве слуша како правилно ги изговарате зборовите. Во никој случај не смеете да го искривувате својот говор. Децата ги имитираат своите родители – оние во кои имаат најмногу доверба, па детето ќе зборува на начинот на кој вие му зборувате.
Обидете се да бидете правилен модел за вашето дете.