Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како 11-годишната ќерка ме научи да му простам на сопругот кој нè напушти?

Приказната на една мајка која беше објавенa како Фејсбук статус, сосема неочекувано предизвика лавина од позитивни коментари и се прошири како животна лекција.

kako-11-godisnata-kerka-me-nauci-da-mu-prostam-na-soprugot-koj-ne-napusti-01.jpg

Во продолжение ви ja пренесуваме во целост:

„Мојата ќерка не го видела својот биолошки татко од својата 4-та година, а сега има 11. Кога имаше само 2 години нејзиниот татко ме контактираше и ме замоли правно да ги решам сите родителски права за да не мора тој да плаќа законски одреден месечен износ. Се согласив. Сакав да ја заштитам мојата ќерка од болката која тој и ја нанесе во животот појавувајќи се и исчезнувајќи кога и да посака. Жртвувањето на финансиската помош беше мала цена која требаше да ја платам за да не дозволам да ја разочара повторно со своето заминување. Никогаш не ја лажев каде е нејзиниот татко и што прави. Секогаш одговарав на нејзините прашања толку искрено колку што можеше да разбере за годините.

Меѓутоа, тој повторно ме контактираше кога таа имаше 4 години. Ми откри дека му дијагностицирале рак и сега чувствува потреба да си го види своето дете. Договоривме ден кога ќе се сретнеме во еден парк. Сè што бараше беа 2 часа со неа. Сепак, по 20 минути си замина. Од тогаш не се јави.

Ова лето наидовме на негови познаници кои искоментираа колку ќерка ми личи на неговите други деца. Ни раскажаа дека конечно се смирил и создал семејство. Стомакот ми се стегна мислејќи на тоа колку му е тешко на моето девојче да го слуша овој разговор, па брзо го завршив.

Сепак, кога влеговме во автомобилот таа се смееше.

Само ми рече: Мамо, тој конечно научил како да биде татко. Тоа е прекрасно. Среќна сум за неговите деца.

И тоа беше денот кога мојата 11-годишна ќерка ме научи сè што треба да знам за простувањето.“

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg