Мало бебе плаче секој пат кога мајка му завршува со читање на неговата омилена книга (видео)
Сите ние многу добро знаеме какво е чувството кога ќе завршите со читање на книга која навистина ви се допаѓала, која ве внела во еден сосема поинаков и неверојатен свет и од кој потоа тажно мора да си заминете од него.
Таков е случајот и со ова мало бебе, со еден мал исклучок. Неговите емоции се силно изразени во тага и плач со секое ново читање на книгата.
Youtube профилот leesedanielle го објавила ова видео од нејзиниот син кој доживува силни емоции секој пат кога ќе заврши неговата омилена книга: „Јас сум зајче“ и истото многу бргу стана вирално, бидејќи неговата реакција е неверојатна и со сигурност ќе успее истовремено и да сочувствувате со малото бебе, а и ќе ве насмее.