„Ќе ве најдам и ќе ве исклучам“: Генијална порака на еден татко до неуредните деца
Разните видови казни како забрана за излегување од дома денес воопшто не се делотворни за да ги натерате тинејџерите да се погрижат за домашниот неред. Токму затоа еден корисник на Reddit се одлучил за интересен потфат.
Тој го употребил говорот на Лиан Нисон од филмот „Taken“ заедно со неговата фотографија во која го глуми CIA агентот Брајан.
Самиот говор е прилагоден токму за неговата конкретна ситуација и гласи:
„Не знам кои сте.
Не знам што сакате. Но, ако сакате чистачка која ќе чисти по вас, можам да ви кажам дека јас тоа не го правам.
Но, она што имам се многу посебни вештини. Вештини кои сум ги стекнувал во долг животен период. Вештини кои ме прават експерт во WiFi системи и мобилни телефони.
Ако го исчистите нередот во кујната, тука завршуваат работите.
Нема да ве барам, нема да ве гонам.
Но, ако не го направите тоа, ќе ве барам и ќе ве најдам...
И ЌЕ ВИ ГИ ИСКЛУЧАМ МРЕЖИТЕ. “
Овој говор одамна се употребува за разни видови на цело, но веројатно оваа е една од најинтересните и најгенијалните идеи за тоа како може да се примени.