Зошто паметните жени не сакаат да бидат мајки?

Жените се соочуваат со многубројни препреки во поглед на нивните животни одлуки. Тежина, висина, сексуалност сè се тоа прашања по кои жената е критикувана и ставена под лупата како на медиумите така и на социјалните барања.

zosto-pametnite-zeni-ne-sakaat-da-bidat-majki-01.jpg

Пред една година направено е контроверзно истражување од страна на научникот Сатоши Каназава од лондонскиот Универзитет за економија во кое се наоѓа поврзаност меѓу интелигенцијата и желбата за мајчинство.

Во неговата книга „Парадоксот на интелигенцијата: Како интелигентниот избор не е секогаш најпаметниот“, Каназава објаснува дека со секое зголемување на интелигенцијата за 15 поени кај жените опаѓа желбата да бидат мајки за неверојатни 25%.

Тврди дека колку е попаметна жената, толку е помала желбата кај неа некогаш во животот да стане мајка.

Ова не е единственото истражување кое ги поврзува интелигенцијата и желбата за мајчинство. Постојат бројни статистички истражувања кои го поддржуваат ова тврдење.

Во суштина, според Казанава, интелигентните жени прават лоша услуга на целата иднина на човештвото со тоа што не се шири и не продолжува нивната интелигенција.

Во основа, причината за ваквата одлука не е строг резултат на високата интелигенција. Во равенката влегуваат многу фактори. Голема е веројатноста дека поголемиот дел од времето жените го поминуваат во лично развивање и образување, а потем развивање на кариерата. 

Како и да е, на еден начин ова може да се сфати како некој лошо искажан комплимент каде во основа сака да каже дека умовите на паметните жени се предобри за да бидат искористени само од една генерација, но од друга страна пак, ова е само уште една критика за понежниот пол.

Целата вина се пренесува на жената.

Практично и се напоменува: Или имај деца или поради тебе светот ќе биде поглупаво место.

Но, што е со нејзините потреби? Што е со тоа што таа го сака?

И среќата на жената е важна – ако одлуката да нема дете ја прави среќна, зошто да биде спречена да го живее животот кој сака да го живее, да биде исполнета, среќна и задоволна со својата кариера?

Наместо да се срамат жените за донесувањето личните одлуки кои не одговараат со тесните дефиниции на „успех“, време е жените да добијат издишка и да имаат слобода да ги живеат нивните животи онака како што сакаат.

Што мислите вие?

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg