Искрена исповед: На 16 години ја родив мојата ќерка и на 33 веќе сум баба
„Абортусот за мене никогаш не претставувал опција иако мојот тогашен дечко ме тераше бидјеќи беше преплашен од идејата да стане млад татко“ - вели Кори, која сега има 33 години и е млада баба.
Обично жените во овој период се во раните фази на мајчинството, но таков не е случајот и со Кори Роуланд која сега има 33 години, а веќе е баба.
Нејзината ќерка Бетани од неодамна го родила синот Елајџа на само 17 години, а Кори поаѓајќи од сопственото искуство решила целосно да ја поддржи за бременоста и да и биде најголема подршка тогаш кога и е најпотребна.
Приказната започнува од 16 годишната Кори која како тинејџерка станала мајка и за ситуацијата на нејзината ќерка вели: „Никој не знае подобро од мене како е истовремено да бидеш и мајка и да одиш на училиште. Никој не знае подобро од мене кои се жртвите, но и каква радост носи искуството да се биде млада мајка“.
За разлика од нејзините родители, кои биле очајни кога Кори останала бремена, таа е многу среќна за својата ќерка и воопшто не е разочарана.
„Тоа што во животот како тинејџерка станав мајка ме натерало да се фокусирам на важните работи во животот. Моето дете сега е пораснато и можам да уживам во остатокот од животот и секако, во својот внук. Всушност би отишла толку далеку да кажам дека тоа што станав млада мајка е моето најголемо достигнување во животот“.
Како што објаснува младата баба, денес на целото искуство гледа како на позитивна работа, но тоа не било секогаш така.
Првите мигови кога останала бремена биле доста тешки. Особено затоа што не добила никаква подршка од нејзините родители.
„Абортусот за мене никогаш не беше опција, и покрај тоа што мојот тогашен дечко, преплашен од идејата дека ќе стане млад татко, ме притискаше да абортирам. Во тие мигови кога веќе влегов во осмата недела од бременоста станав свесна дека носам живот во мене и не можев да ја прифатам идејата да ја прекинам бременоста“.
Нејзините родители на крајот немале многу избор освен да ја прифатат нејзината одлука. По два месеци нејзиниот дечко ја напуштил, а Кори живеела од помошта од државата.
Во тој период по пораѓањето била осудувана, но ја добила потребната подршка од училишниот другар Лиам кој сега е нејзин маж и има уште две деца со него.
Кори за сето тоа време додека нејзината ќерка била бремена, била нејзина подршка и редовно и помагала околу подготовките за новиот живот. „И двете плачевме од среќа кога го видовме малото бебе. Тоа е нова надеж и нов почеток без разлика на тоа колку години има мојата ќерка“ - заклучува Кори.