„Го најдов тајниот дневник на баба ми по нејзината смрт, ме расплакаа работите што ги напишала за мене“

„Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им го кажеме тоа на мама и тато. Тие мора да бидат први кои ќе те видат како одиш“, пишува во дневникот кој една баба го водела од раѓањето на нејзината внука.

баба-01.jpg

Велат, љубовта на бабите кон внуците е поголема од онаа кон нивните деца. Доказ за тоа е и бабата на Натали Карло Мањо, која од моментот кога се родила нејзината внука, почнала да пишува дневник посветен на малото девојче и на сите убави работи кои ги доживеале заедно.

По смртта на својата баба, Натали го открила тајниот дневник, па неколку страници од него сподели на Инстаграм со своите пријатели и предизвика грст емоции кај сите што ги прочитаа овие искрени и среќни записи.

Таа пишува дека не можела да ги задржи солзите додека ги читала емотивните зборови на својата почината баба.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-03.jpg

Што напишала бабата во тајниот дневник на нејзината внука?

„Натали денес полни една недела и сè е во ред“, стои во една од првите белешки во дневникот.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-07.jpg

„Од денес јас и ти имаме тајна. Сосема сама направи шест чекори. Не можеме да им кажеме на мама и тато. Тие мора да бидат први кои ќе те видат како одиш. Ти си среќна, малечка - сите ја сакаат Натали“, пишува баба ѝ.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-09.jpg

Брзо потоа таа открива дека тајната веќе не е тајна:

„Па сега, малечка моја, сите знаат. Мајка ти ми се јави да ни каже мене и на дедо ти дека си почнала да одиш“, напишала бабата.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-10.jpg

„Често посакувам и мајка ми да можеше да те види барем еднаш. И таа ќе те сакаше до смрт, исто како сите ние“, стои во друг запис.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-05.jpg

„Смешно е што, откако се роди, врз мене го имаш оној ‘ефект на среќна баба’. Едноставно, не можам да си го замислам животот без тебе“, пишува во дневникот.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-02.jpg

Таа ѝ пишува и за нејзиниот прв роденден:

„Нема да се сеќаваш на овој роденден бидејќи си премала, но си помина навистина прекрасно и ги воодушеви сите кои те сакаат“.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-06_copy_copy.jpg

„Денес дедо доби вистински бакнеж од неговата омилена внука. Денес многу го израдува (како што го радуваш секој ден)“, стои во дневникот.

go-najdov-tajniot-dnevnik-na-baba-mi-po-nejzinata-smrt-me-rasplakaa-rabotite-shto-gi-napishala-za-mene-04.jpg

Емотивните белешки на бабата наскоро станаа вирални и почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи, како доказ на вистинската љубов меѓу бабата и внуката.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg