Интернет хит: 5-годишно девојче ќе ви покаже како да се нашминкате (видео)
Дана Гомез од Колумбија има само 5 години, а веќе знае да се шминка и тоа знае да им го објасни и покаже на сите други, преку нејзините видео туторијали.
Гледајќи како тоа го прават поголемите девојки, ова љубопитно и опуштено девојче со помош на нејзината тетка снима видеа на кои покажува како да нанесете туш, маскара, сенка или руменило.
Иако тоа го прави на сосема детски начин и непрецизно, сепак многумина во коментарите под видеото признаваат дека го прави подобро од нив.
Таа не само што се шминка, туку добро знае да каже која со која боја одговара, што да направите за да ги направите очите покрупни или како да ја нанесете пудрата за носот да ви изгледа потенок.
Но, дилемата која настана во јавноста откако нејзините видеа станаа вирален хит е нејзината возраст и она што таа го покажува. Колку и да е талентирана за шминкање, Дана сепак има само 5 години, а нејзините видеа веќе се достапни до сите, без таа да има никаква заштита.
Нејзината тетка ги објавува на социјалните мрежи со дозвола на нејзината мајка, но сепак, многумина го осудуваат форсирањето на 5-годишно девојче во јавност кое наместо да ја претставува својата природна убавина, на своите врснички им покажува како да се шминкаат уште од најмала возраст.
Девојчето изгледа слатко и интересно, но мора да се поведе сметка за она што се прикажжува во јавност и до каде може да стигне.