Мајка ми ме роди едвај полнолетна: Овие 9 работи ги научив од неа
Младите мајки не ги добиваат признанијата кои ги заслужуваат, смета една 22-годишна девојка која била родена кога нејзината мајка имала едвај 18 години.
Ова се 9-те најважни работи кои таа ги научила од нејзината млада мајка:
1. Напорно работи и биди брилијантна во тоа
Токму заради мајка ми го ценам трудот и напорната работа. Таа останала бремена додека била во прв семестар, ме родила, а потоа се вратила на факултетот. Паралелно ме хранела, заспивала, играла со мене, па дури и кога сум и пречела додека учела. Нејзиниот труд денес се исплати и затоа гордо одам по нејзините стапки.
2. Смеј се
„Ако не се смееш, тогаш плачи“ е мотото по кое се водиме. Хуморот ни помогна низ годините да надминеме сериозни и тешки ситуации. Мојата мајка има одлична смисла за хумор, а тоа по дома го нарекуваме „емотивен тренинг“. Јас го поминав, сега на ред се моите помлади браќа.
3. Заблагодари им се на добрите гени
„Вие две може да бидете сестри“ е реченица која многу често ја слушам. До пред извесно време ја мразев, но сега забележувам дека мојата мајка е згодна по сите стандарди. Додека како тинејџерка се борев со својата самодоверба, гените ме охрабрија. Сега и јас имам тело како неа и сум благодарна за гените кои ми ги пренела.
4. Лошите врски се случуваат, дај си време и преболи го
Моите родители биле кратко заедно, па ги гледав како се разделуваат. Ја гледав мојата мајка како поминува низ добри и лоши фази, и токму тогаш научив дека треба време за опоравување. Сега, кога сум во моите 20-ти сè ми е повеќе од јасно.
5. Запознај го своето тело и своите опции
Штом влегов во пубертет, имав еден тон прашања. За среќа, мајка ми беше отворена со мене и ми даваше точни и конкретни одговори. Што е најважно, ми даде до знаење дека можам самата да одлучувам што ќе се случува со моето тело.
6. Оние кои те мразат секогаш ќе си го добијат своето
Сите во животот имаат непријатели и лажни пријатели. И секој пат кога некоја кавга ќе ме донесеше до крај на пријателството, мајка ми ми велеше „кармата е незгодна работа, не троши енергија на такви луѓе.“
7. Биди паметна девојка
Само еднаш во животот кажав „не морам да бидам паметна, девојка сум“. Тогаш мајка ми ми се сврте и убаво ми објасни дека таа не ме воспитала да бидам „само девојка“, туку да бидам паметна девојка. Затоа до крајот на образованието ќе ми ги проверува оцените. Сега сум благодарна.
8. Безусловна љубов
Некогаш е тешко да имаш млада мајка. Многу често се каравме и си приредувавме прилично тешки удари од земја. Но, со текот на времето и се извинив за сите тие зборови. Таа прифати и само ми рече: „Разбирам. Те сакам и отсекогаш сум те сакала, дури и кога беше разгалено детиште.“
9. Семејството е на прво место
Лојалноста е голема работа. Во повеќето случаи никој не ни овозможуваше поддршка, освен нашата мајка. Сите израснавме, се сакавме и се боревме за семејството. Мојата мајка се одлучи да основа семејство едвај полнолетна, а сепак е една од најдобрите мајки кои сум ги запознала. Сега во нејзините рани 40-ти има искуство како 70 годишна старица.
Токму затоа сметам дека сите млади родители заслужуваат посебно признание - супер родители!